• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

Острог

 

ТЕРМИНИ ЗА ПОСЕТА НА ОСТРОШКИ МАНАСТИР

ПОАЃАЊЕ ОД КИЧЕВО 

 

18.05 - 19.05.2019

 

КИЧЕВО

Состанок на групата пред Т.А.Меридијан во 23.45 часот. Поаѓање за Црна Гора во 00:00 часот. Патот води преку Охрид, Струга, г.п. Ќафасан, Елбасан, Драч, Тирана, Скадар... Ноќно и денско патување со попатни паузи и царински формалности.

 

ОСТРОШКИ МАНАСТИР

Пристигнување во Острошки Манастир во утринските часови и време за индивидуален разглед на бисерот на средновековното Православно Христијанство... вграден во самите стени, манастирот изгледа како да не е граден од човечки раце, туку повеќе како едно од чудата на Св. Василие... основан во 17ти век од Св. Василие, чии мошти се сметаат за чудотворни. Сместување во конаците. Ноќевање.

 

БУДВА

Во утринските часови поаѓање за Будва со кратка пауза за разглед на Св. Стефан – најатрактивното и најмонденското летувалише на Црногорското Приморје – време за фотографирање. Слободно време за индивидуален разглед на Будва: стариот град, црквите св. Марија и св. Иван, шеталиштето, плоштадот, Словенска плажа... Во попладневните часови поаѓање за Кичево.

Пристигнување во Кичево во доцните вечерни часови.

 

Цена на аранжманот: 1.500,00 денари

 

Цената на аранжманот вклучува:  

Автобуски превоз на горенаведената релација,

Посета на Острошки Манастир,

Будва организација, водство и реализација на аранжманот.

 

Цената на аранжманот не вклучува:

Трансфер од паркинг до Горниот Манастир

Туристичка такса 1€ по лице за Острошки Манастир

Доплата 5€ по лице за ноќевање во конаците (доколку има место)

Патничко осигурување

 

Напомена: За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.