• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

ФИРЕНЦА (15)

 

06.Март (петок) Монтекатини

Состанок на групата во 11:00 часот на паркингот спроти хотел Холидеј Ин. Поаѓање во 11.30часот. Се патува преку Србија, Хрватска и Словенија. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

 

07.Март (сабота)  Монтекатини – Пиза – Монтекатини

Пристигнување во пладневните часови во Монтекатини Терме. Сместување во хотел. Слободно време за одмор. Во вечерните часови посета  на Пиза. Прошетка по еден од највеличенствените плоштади во Италија – Плоштадот на чудата, Катедралата Дуомо, Крстилиницата Свети Јован, и познатиот симбол – Кривата кула. Слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

08.Март (недела) Монтекатини - Чинкве Тере (Cinque Terre) - Монтекатини

Појадок. Заминување на целодневна факултативна екскурзија до најпознатите и најживописни селца на Италијанската рива. Разлгед на  регионот со локален водич. Пристигнување во градот La Spezia од каде се продолжува со воз. Cinque Terre е област лоцирана на Лигурското крајбрежје сочинета од 5 селца: Monterosso al Mare, Vernazza, Corniglia, Manarola и Riomaggiore, кои со околните планини го сочинуваат Националниот парк CINQUE TERRE, кој е под заштита на UNESCO. Овој дел од Италијанската ривиера е еден од најживописните туристички центри кој задолжително треба да се посети. Враќање во La Spezia. Поаѓање за Монтекатини. Ноќевање.

 

09.Март (понеделник)  Монтекатини - Сиена – Сан Џемињано – Монтекатини

Појадок. Предлагаме полудневен факултативен излет во градовите Сиена и Сан Џимињано. Пристигнување во Сиена, градот кој низ историјата претставуал најголем ривал на Фиренца и втор по важност во Тоскана по богатата ризница на уметничко и културно наследство. Разглед на градот: црквата San Domenico, Катедралата Siena – Metropolitana di Sandra Maria Assunta, Pallazo Salimbeni и Piazza Salimbeni  и плоштадот  Del Campo – плоштад во облик на школка на кој се одржува познатата коњска трка Palio... Слободно време за индивидуална прошетка до поаѓањето за Сан Џимињано. Пристигнување во San Gimignano типично тосканско градче опкружено со винови насади и маслинови градини. “San Gimignano dala belle Tore” во кој е добро сочуван амбиентот од XIII и XIV век, и 14-те кули кои прават една целина на ова живописно мало тосканско градче. Слободно време за индивидуална прошетка. Враќање во Монтекатини. Слободна вечер за индивидуални прошетки низ Монтекатини. Ноќевање.

 

10.Март (вторник) Монтекатини – Фиренца – Скопје

Појадок. После појадокот заминување за Фиренца - лулката на ренесансата, градот на “Давид“ на Микеланџело, на “Раѓањето на Венера” на Ботичели, градот во кој Данте го започнал создавањето на италијанскиот литературен јазик. Разглед на главниот град на Тоскана: Катедралата Дуомо со автентичната купола – чудо на ренесансната архитектура, Палатата Векио – Градското Собрание, Плоштадот Сињорија – познат по репликата на Микелаџеловиот Давид и Галеријата Уфици која е една од најстарите и најпознати музеи во светот и каде се наоѓаат  најпознатите дела на големите мајстори како Ботичели, Џото, Леонардо, Микеланџело, Рафаел, Тицијан... Понте Векио – стариот Мост од 14 век, Палатата Пити.... Во попладневните часoви поаѓање за Скопје. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности. 

 

11.Март (среда)              

Пристигнување во попладневните часови.

 

ЦЕНА ЗА РАНА УПЛАТА до 25 Јануари: 179   (11,100 денари)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 199  (12.340 денари)

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

Превоз со високотуристички автобус на наведената релација

Сместување во хотел со 3* на база 3НП (ноќевање со појадок) во Монтекатини Терме

Посета на Пиза

Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

Целодневен излет на Cinque Terre 45 евра (трансфер со воз, CinqueTerre card до 5-те села, и трансфер од железничка до Корнилија)  

Посета на Сиена и Сан Џемињано 45евра (трансфер, локален водич)

Задолжителна посета на Фиренца 20 евраТуристичка такса во хотел во Монтекатини

Задолжително патничко осигурување

 

НАПОМЕНИ:

За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници.

Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари

За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање

Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 7 дена пред поаѓање.

- Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на реализација на програмата

- Организаторот го задржува правото на промена на цените на факултативните излети во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите.

За овој аранжман важат Општите услови за патување на Меридијан

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето