• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

ХЕРЦЕГ НОВИ БУДВА-ИГАЛО- ДУБРОВНИК –ТИВАТ (5)

29.12.19 

 Поаѓање од пред агенција во 20 ч со автобус преку Албанија, ноќно возење со попатни паузи.


30.12.19 

 Пристигнување во Црна Гора во утринските часови, посета на св. Стефан - едно од најатрактивните места во Црногорското приморје,потоа прошетка во стариот дел на Будва каде можат да се видат црквите Св. Иван, Св. Марија... па преку Тиват со траект пристигнување во Херцег Нови. Приватно сместување вo соби 1 категорија, студиа и апартмани. Прошетка низ Игало – најпознатото Црногорско туристичко место од областа на здравствениот туризам, познато по вилата на Тито, како и разглед на Херцег Нови: шеталиштето “Пет Даница” со многу цвеќе, палми, ресторани, кафичи, (долго од Игало до Мељине), кулата “Форте Маре” и тврдината “Канли кула“. Вечерта на плоштад за добро расположение ќе се погрижи атрактивната пејачка Александра ПријовиќНоќевање.


31.12.19 

 Слободно предпладне во Херцег Нови. Попладнето факултативно поаѓање за Дубровник, со попатна посета на градот Цавтат, познат по преубави јахти и прекрасно шеталиште. По пристигнувањето во Дубровник, разглед на стариот дел на градот: Плаца, Онофриевата чешма, Орландовиот столб, Градскиот звонарник, Палатата Спонза, цр. Св. Влах, Катедрала... Вечерта дочек на Новата 2020 г. на плоштад а најавена е супер забава со Балканската група Парни Ваљак. По полноќ враќање во Херцег Нови. Ноќевање.


01.01.20

Слободно предпладне во Херцег Нови. Попладнето поаѓање за Македонија, со попатна посета на Будва - прошетка во стариот дел на Будва каде можат да се видат црквите Св. Иван, Св. Марија,... Вечерта на плоштад ќе настапи една од најатрактивните музички звезди Цеца Ражњатович. По полноќ се продолжува преку Црна Гора и Албанија.


02.01.20 Пристигнување во Македонија во ноќните или раните утрински часови.


Цена: 4.600 денари

 

 Во цената е вклучено:

- автобуски превоз на дадената релација

- 2 ноќевања во соби,студиа и апартмани

- разгледување на Херцег Нови, Будва, Игало...

- организација и придружник на патувањето


 Во цената не е вклучено:

- патничко здравствено осигурување - без франшиза - 150 ден

- факултативно дочек на Н. Г. на плоштад во Дубровник на 31.12.2019 - 10 €

- влезници за културно историските споменици