• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

8 МАРТ

РИМ (4)

 

1 ден 06.03.2020  МОНТЕКАТИНИ
Состанок на групата во 10:30ч. Поаѓање во 11:00ч. Се патува преку гр.премин Табановце, Србија, Хрватска, Словенија. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.
 
2 ден 07.03.2020 МОНТЕКАТИНИ – ПИЗА
Пристигнување во пладневните часови во Монтекатини Терме. Сместување во хотел. Слободно попладне за одмор. Во вечерните часови предлагаме посета и прошетка на Пиза. Пиза, град во Италија лоциран на бреговите на Тосканската ривиера, некогашна моќна поморска сила чијашто флота скоро 150 години била најголемата сила на Средоземното море. Посета на центарот на градот каде се сместени трите обележја на овој град: Piazza Dei Miracoli, Катедралата DUOMO, крстилиницата San Giovanni, Кривата Кула (која вооедно е и најпознатата кула во Италија), Campo Santo (Стари гробишта). Слободно време за индивидуална прошетка. Враќање во хотел. Ноќевање.
 
3 ден 08.03.2020 МОНТЕКАТИНИ – РИМ
Појадок. Поаѓање кон Рим. Пристигнување во Рим во пладневните часови. Одиме на панорамско разгледување на Рим, пешки, со локален водич: плоштадот на Републиката, Олтарот на мирот, плоштадот Венеција, Римскиот Форум, Виа Дел Корсо, Фонтаната ди Треви, Виа Венето, мостовите на Тибар, црквата Св.Петар, Колосеумот…Сместување во хотел. Вечерта предлагаме излет Roma by night. Прекрасно доживување на Рим кое нема да ве остави рамнодушни. Враќање во хотел. Ноќевање.
 
4 ден 09.03.2020 – РИМ – ТИВОЛИ – ВАТИКАН
Појадок. Предлагаме факултативна посета на Ватикан и ватиканските музеи: Црквата во Ватикан, Сикстинската капела, Катедралата Св.Петар со локален водич. Предпладне предлагаме прекрасен излет до Тиволи. Посета на волшебните паркови и фонтани на вилата Д Есте. Летниковец кој го користела високата класа уште од античко време. Вилата Д Есте е под заштита на UNESCO и е единствена и најпрепознатлива по монументалните фонтани, од кои највпечатливи се оние кои се изградени во барок стил и имитираат звуци како што се песната на птиците или оргуљи. Враќање во Рим. Слободно време за индивудуални прошетки низ Рим. Ноќевање.
 
5 ден 10.03.2020 – РИМ – ФИРЕНЦА
Појадок и напуштање на хотелот. Патувањето за Скопје продолжува со посета и прошетка низ Фиренца. Разглед на стариот дел од градот кој што е под заштита на UNESCO како светско културно наследство. Во овој дел живееле: Ботичели, Донатело, Микеланџело, Леонардо да Винчи, Галилео Галилеј. Посета на историскиот дел од градот: галеријата Ufici, катедралата Santa Maria del Fiore, градската катедрала, плоштадот Signoria, палатата Vekio…Слободно време за индивидуални активности. Полни со прекрасни впечатоци во доцните попладенвни часови поаѓаме. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со попатни застанувања поради одмор и царински формалности.

6 ден 11.03.2020 
Пристигнување во доцните вечерни часови.


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ДО 31.01: 229€/ 14.199 ден.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 249€/ 15.440 ден.


Во цената на аранжманот е вклучено:
• Превоз со високотуристички автобус
• 2 ноќевања во хотел 3* НП во Рим (околина)
• 1 ноќевање во хотел 3* НП во Moнтекатини
• Организација и водство на програмата
• Лиценциран туристички придружник

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:
• Задолжително патничко осигурување 
• Вечерна посета на Пиза – 15 €
• Разглед на Рим со локален водич – 15 €
• Факултативна посета на Ватикански музеи, со влезница, водич, превоз – 50 €*( резервација при уплата)
• Влезница за Базилика Св.Петар. 5 €*
• Факултативна посета на Тиволи 25 €*
• Rome by night излет 15 €
• Задолжителна посета на Фиренца 30 €
• останати влезници, метро карти
• еднокреветна соба 4.960 денари
• туристичка такса за ноќевање во Монтекатини ( 3 евра , се плаќа во Италија)
• туристичка такса за ноќевање во Рим ( 6 евра по лице на ден , се плаќа во агенција)

*** Цените на влезниците може да бидат променливи во зависност од цената на локалотетите во моментот ***


НАПОМЕНИ:
• За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
• Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
• За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
• Попустите не се комбинираат
• Останатите услови на патување важат според годишниот програм на Т.А.Меридијан
• Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
• Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди време и место на поаѓање.

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата

Напомена: за реализација на овој аранжман како и за факултативните излети се потребни  минимум 45 патници!