ПАЉУРИ

Паљури, најубавата плажа на најјужниот дел на Касандра, комбинација на кристално чиста вода, златен песок и борова шума... На само осум километри подалеку од Пефкохори, ќе го најдете најубавото место за вистински одмор...Името го добило според зборот paliuri, еден вид на грмушка што расте во овој регион и која луѓето ја посадувале за да си ги одбележат своите куќи. Селото е со типично грчка архитектура-традиционални камени куќи, тесни поплочени улици...населено е со околу 800 жители кои се занимаваат соодгледување маслинки и пчеларство, па можеби некаде ова место ќе го сретнете и под името селото на пчеларите. Селото има неколку маркети, месара, рибара, таверни и ресторани. На само 1200 метри од селото се наоѓа плажата Chrouso Beach која всушност се состои од три плажи:HorusoKsenija и Alonaki. Плитка вода, природна заштита од сонце, златен песок, неколку барови на плажата со одлична услуга, удобни лежалки и задолжително добра музика. Тоа е Паљури, местото каде во текот на едно деноноќие се собираат туристи од најблиските места преку ден да уживаат во беспрекорната плажа, а навечер да бидат дел од лудата забава.