VILA DIMITRIS (17)

Vila Dimitris се наоѓа во мирниот дел на Потос на излезот од ова туристичко место, на неколку минути пешачење до центарот и на само 80 метри од плажата. Во понудата имаме двокреветни и  трокреветни студија како и четирикреветни апартмани опремени со скромен мебел, кои се наоѓаат во приземјето на вилата. Апартманите имаат спална соба во која има француски кревет и која е од дневната соба одвоена со стаклена непрозирна лизгачка врата. Во дневната соба има единечен кревет со кауч на спуштање. Трокреветните студија имаат француски кревет и еден единечен кревет, додека двокреветните еден француски кревет. Сите сместувачки капацитети се пространи и имаат комплетно опремена кујна (мини електричен шпорет без рерна, фрижидер, прибор), тоалет, клима уред чие користење е вклучено во цената. Покрај вилата се наоѓа таверната Klimatoria каде гостите имаат можност да доплатат појадок или полупансион. Пред секое студио и апартман има простран трем со гарнитура за седење со поглед кон базенот на вилата Suzana која им е на располагање на гостите од вилата Dimitris. Исто така, гостите можат да го користат и пространиот двор на вилата Suzana каде има скара, игралиште за децата и туш. Промената на постелнината, крипите и чистењето на собите се врши на секој петти ден.

 

 

 

Легенда:

1/2 студио – двокреветно студио

1/3 студио – трокреветно студио

1/4 апартман – четирикреветен апартман

1/4+1 апартман – четирикреветен апартман со помошен лежај