• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

АРАНЖМАНИ СО АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ

ПЕЛОПОНЕЗ (1)

 

ПАТРА, ОЛИМПИЈА, ВАСТАС, МЕСИНИА, КАЛАМАТА, ДИРОС, МИСТРА, СПАРТА, МОНЕМВАСИЈА, МАЛЕВИ, НАФПЛИОН, ЕПИДАУРУС, МИКЕНА, МЕГАЛО СПИЛЕОУ...


22.октомври (вторник) ГРЦИЈА

Состанок на групата во 19.00 часот. Продолжување на патувањето кон Грција во 22.00 часот преку граничниот премин Меџитлија-Ники. Ноќно возење по јонската магистрала со попатни застанувања и одмори.

23.октомври (среда) ПАТРА - ОЛИМПИЈА
Пристигнување во градот Патра во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот што се карактеризира со својата медитеранска архитектура. Посета на централниот храм – црквата на светиот апостол Андреј, во која се наоѓаат дел од неговите мошти и крстот на кој бил распнат и погубен. По краток одмор, патувањето продолжува кон древната Олимпија. По пристигнувањето, разглед на еден од најпознатите антички локалитети на Пелопонез – местото на првите Олимписки игри во античка Грција. Попладнето, сместување во хотел и слободно време за индивидауални активности. Ноќевање.

24.октомври (четврток) ВАСТАС - МЕСИНИА - КАЛАМАТА
Појадок. Во утринските часови заминување кон Каламата. Попатна посета на светото место Вастас, во кое се наоѓа мистичната црквичка посветена на св.Теодора. Во продолжение посета и на археолошкиот локалитет Месиниа, кој сведочи за една од највлијателните престолнини во времето на античка Грција. Разглед на локалитетот и продолжување на патувањето кон Каламата. Панорамски разглед на еден од најубавите туристички градови на полуостровот и воедно јужна порта на Пелопонез. Сместување во хотел и слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.


25.октомври (петок) ДИРОС - МИСТРА - СПАРТА
Појадок. Во утринските часови заминување на целодневен излет низ регионите на Каламата и Спарта. Посета на местото Аерополи, како и на впечатливата пештера Дирос, низ која разгледот на неколку километри долгите патеки и подземни хали од сталагнити и сталактити, се одвива со чамци пловејќи низ утробата на земјата. Во продолжение на излетот, посета на средновековниот локалитет Мистра – еден од највлијателните градови на медитеранот по падот на Константинопол. Прошетка низ стрмниот терен на локалитетот, со разглед на мноштвото остатоци од стари цркви, манастири и палати подигнати во златното време на Византија. Пристигнување во Спарта и краток разглед на градот. Слободно време и сместување во хотел. Ноќевање. 
 
26.мај (сабота) МОНЕМВАСИЈА - МАЛЕВИ - НАФПЛИОН
Појадок. Во претпладневните часови заминување кон местото Монемвасија. Посета на еден од највпечатливите средновековни градови, изграден на непристапниот терен од истоимената природна карпа високо издигната во морето. Фантастичната панорама која ја истакнува карпата над синиот хоризонт од Егејското море, дополнително ќе ве плени при прошетката низ нејзините тесни улички издлабени низ јужната страна кон морето. Патувањето продолжува кон еден од најпочитуваните манастири на Пелопонез, посветен на чудотвоната икона на Богородица од Малеви. Прекрасната околина и душевниот мир, пленува уште при првиот чекор во старата  манастирска црква. По краток одмор, заминување кон страиот град Нафплион – некогашната престолнина на Грција по завршетокот на првите пелопонески војни за ослободување од османлиското ропство. Прошетка низ прекрасниот град до сместување во хотелот. Ноќевање.


27.октомври (недела) ЕПИДАУРУС - МИКЕНА - КОРИНТ - МЕГАЛОУ СПИЛЕОУ
Појадок. Во претпладневните часови заминување во посета на археолошките локалитети на Арголида: Епидаурус – еден од најголемите и најакустични антички амфитеатри во светот и Микена – древната престолнина на кралот Агамемнон познат и како митскиот освојувач на Троја. Кратко задржување на Коринт – каналот кој ги споји Егејското и Јонското море, како и посета најстариот манастир во Грција - Мегалоу Спилеоу, посветен на чудотворната икона на Богородица од Карпата, за која се верува дека е насликана од св.Јован Богослов. Во доцните попладневни часови, патувањето продолжува кон големиот мост изграден помеѓу местата на Пелопонез и копното: Рио и Антирио.

28.октомври (понеделник) ГРЦИЈА 
Ноќно возење кон Македонија преку јонската магистрала и автопатот Игнатиа. Попатни застанувања и одмори. Пристигнување во раните утрински часови.


Цена на аранжманот:   
239 EUR (противвредност: 14.818,00 мкд)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ СЕ ВКЛУЧЕНИ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Сместување во хотели *** според програмата на база 4 ноќевања со појадок
- Туристички придружник за време на патувањето
- Организирани посети на културно историски споменици и археолошки 
- Организација и реализација на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Влезници при посета на културно историски споменици, музеи и археолошки локалитети
- Туристичка такса (1,5 €) по соба од ден, наплата на рецепција во хотел
-  Индивидуално патничко осигурување (информации при уплата во агенцијата)

НАПОМЕНИ:
- За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници.