VILA MARY 2 (17)

 

Vila Mary 2 се наоѓа во централниот дел на Полихроно. Од плажата е оддалечена 70 метри. Во понудата имаме трокреветни студија и четирикреветни апартмани. Студијата имаат еден француски кревет и еден класичен лежај, комплетно опремена кујна (мини електричен шпорет без рерна, садови, мал фрижидер), купатило, тераса, клима, TV. Четирикреветните апартмани имаат две соби, спална и дневна. Во едната соба има француски кревет, а во другата има два класични лежаи и комплетно опремена кујна (мини електричен шпорет без рерна, садови, мал фрижидер), купатило, тераса, клима, TV. Поголем дел од терасите гледаат бочно на море. Климата е вклучена во цената, а Wi-Fi е со слаб сигнал. Промената на постелнината и крпите, како и чистењето на апартманите е на секои 5 дена. Пред вилата има туш за последиот ден од престојот на гостите. 

 

 

Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио или апартман за 10 ноќевања без вклучен превоз  Во студијата и апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети    Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време При сместувањето влегувате во чисти соби , но за време на престојот сами се грижите за одржувањето на хигиената.По завршувањето на вашето летување, должни сте да го оставите студиото или апартманотво пристојна (чиста) состојба. Во случај на причинета штета за време на престојот, корисникот на апратманот ја надоместува штетата на сопственикот на вилата на лице место. Организаторот на патувањето го зарджува правото по пат на LAST MINUTE понуда да ги објави и продаде останатите слободни капацитетеи во одредена вила по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои предходно го уплатиле својот аранжман немаат право на надомест на средства но има разлика во цена. Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс 62 денари!

Легенда:

1/2 стд. - двокреветно студио

1/3 стд.- трокреветно студио

1/4 апп - четворокреветен апартман