• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

ПРАГА (Дрезден - Виена) (23)

 

1 ден 13.02.2020 ПРАГА:

Состанок на групата на паркингот спроти спортската сала Борис Трајковски, во 11:30ч. Поаѓање на автобусот  12:00ч. Се патува преку Србија. Ноќно возење со попатни паузи


 2 ден14.02.2020ПРАГА

Пристигнување во Прага во предпладневните часови. Факултативно панорамско разгледување на градотсо водич: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часовник-Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка,Прашната кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад. Националниот музеј.Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални прошетки. Вечерта, предлагаме  посета  на  Пивница во средновековен амбиент, со несекојдневна шоу програма, пиво, коленица и традиционална Чешка чорба... ќе Ве воодушеват мајсториите на средновековните витези, голтачите на пламен , стомачните танчерки...   (со  локален автобус).   Ноќевање.


3 ден 15.02.2020ПРАГА - ДРЕЗДЕН

 Појадок.Предлагаме целодневен излет до Дрезден. Денеска главен град на покраината Саксонија , некогаш (по втората св.војна) дел од Источна Германија. Основан  уште во 600 г.пне. на обалата на реката Елба . Во еден период населен и од Славонски племиња. Карактеристичен, прекрасен Саксонски стил во архитектурата – богатсво на прекрасни градби , како остатоци од некогашното Кралство Саксонија.  Стариот дел од градот е слика на  богатото и славно минато  : Палатата Звингер ,седиште на многу музеи со преку 2000 уметнички слики,прекрасна нео-ренесансна градба , прекрасната Готска  Богородична црква –Frauenkirche,  Кралската палата – денеска државен музеј каде се чува Зелениот трезор,  Палатата Ташенбер (денешен хотел Кемпински ), Августовиот мост на “ Фиренца на Елба “ како што се споредува денешен Дрезден . Излет кој нема да ве остави рамнодушни.  Враќање во Прага. Вечерта можност за крстарење со брод по реката В’лтавa.  Враќање во хотел. Ноќевање.


4 ден 16.02.2020: ПРАГА – ВИЕНА

Појадок. Одјавување од хотел. Поаѓање за Виена со попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER FREEPORT . Слободно време за шопинг. По пристигнувањето во Виена, панорамско разгледување на градот со автобус: Рингот, Oперата, Парламентот, Музејската четврт, Универзитетот, зимскиот дворец Хофбург, катедралата Св. Стефан.... Слободно време во Виена.Во вечерните часови  патувањето продолжува кон Македонија. Ноќно возење со попатни паузи.


5ден17.02.2020:

Пристигнување во  пладневните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  99 евра / 6.140 денари

МОЖНОСТ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ !!!


ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА

Превоз со високотуристички автобус на релација Скопје – Прага  – Скопје

2 ноќевања во хотел 3* НП во Прага

Посета и разглед  на Виена

Организација и водство на програмата

Попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER  FREEPORT

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ  ВКЛУЧУВА

Задолжително патничко здравствено осигурување

Разглед на Прага со локален водич  (10€)

Факултативен излет Дрезден (30€)

Крстарење со брод по Влтава  20€)

Посета на средновековна пивница со вечера и забавна програма  (35€)

Туристичка такса 1 евро по лице на ден

Влезници за музеи и локалитети

Доплата за еднокреветна соба 3.100 ден

 

НАПОМЕНИ

За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.

Редоследот на седење е според редослед и датум на уплата

Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари

За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање

Останатите услови на патување важат според годишниот програм 

Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.

Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и место на поаѓање