• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

VILA LAZARIDIS 10 nokji (17)

Живописното приморско место Неа Рода  е вистинскиот избор за сите кои се уморни од гужвата на плажите и сакаат да откријат нешто ново, а во истовреме да уживаат во природните убавини. Местото има исклучително чисто море и долга песочна плажа закитена со Плаво знаме на Медитеранот, поплочени тесни улички со традиционални камени куќи со дворови полни со цвеќе, неколку барови покрај плажата, таверни, маркети, амбуланта, аптека, па дури и кино на отворено...На спротивниот дел од Неа Рода се наоѓа мало пристаниште од каде секој ден од локалните риболовци можете да купите свежа риба и морски плодови по многу поволни цени. Целосно затскриениот залив е исто така популарен меѓу сурферите и љубителите на глисери.  Во непосредна близина на апартхотелот Lazaridis, меѓу два зелени рида во преубавиот залив Akanthios се наоѓа плажата  VoulitsaАтрактивната песочна плажа  ќе Ве остави без здив најпрво со бојата на морската вода, па со нејзината чистота, со лежалките и чадорите за сонце и на крај со забавата што ја нуди преку целиот ден на истоимениот бар од каде допираат звуците на убавата музика, студените пијалаци и локалните специјалитети. Доколку Вашиот избор ова лето биде Неа Рода, тогаш задолжително посетете ја фантастичната песочна плажа Komitsa, оддалечена само 4,5 км. Плажата која ќе Ве фасцинира со својата раскошна убавина со право е на листата на светските културни богатства и е под заштита на УНЕСКО како подрачје со природна убавина. Во непосредна близина на плажата се наоѓа и истоимениот камп.

 На околу 150 метри од плажата, во мирниот дел на Неа Рода на третиот крак Атос се наоѓа хотелот од апартмански тип „Lazaridis“ каде располагаме со двокреветни и трокреветни студија (со помошен кревет на расклопување) на високо приземје, прв и втор спрат. Веќе неколку години по ред гостите кои летуваат во овој комплекс се презадоволни од комплетната услуга. Сите сместувачки капацитети се опремени со мебел соодветен на хотелско сместување, мини кујна, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Студијата имаат сопствени купатила и пространи тераси со поглед на море. Сите сместувачки капацитети се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со бојлери, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Во непосредна близина на вилата има простор за паркирање на возила. Апартхотелот „Lazaridis“ има рецепција, сеф, снек бар и прекрасна тераса која можат да ја користат гостите, а нуди и можност за хотелски појадок (со доплата на рецепција). До центарот на ова живописното приморско место имате десетина минути бавно пешачење, а доколку се одлучите да ги обиколите околните плажи, тогаш изборот задолжително нека биде на атрактивната плажа Voulitsa“ која уште на првата средба ќе Ве остави без здив (се наоѓа во непосредна близина на хотелот). 

Напомена: Во студијата 1/2+1 можат да се сместат макимално 3 лица-двајца возрасни и дете до 12 години. Во овие студија невозможно е да се сместат 4 лица-двајца возрасни и две деца без оглед на возраста на децата.

-20% попуст за целосна уплата до 13.12.2019 

 

 

Доплата за туристичка такса 0,5 евра од ден по студио/апартман
(се плаќа во агенцијата)

 

- Цените во табелата се однесуваат за наем на цело студио или апартман за 10 ноќевања без вклучен превоз 

- Во студијата и апартманите дозволено е сместувања на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети 

-Сместувањето е првиот ден после 14: 00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09:00 часот по локално време 

- При сместувањето влегувате во чисти соби, но за време на престојот сами се грижите за одржувањето на хигиената. По завршувањето на Вашето летување, должни сте да го оставите студиото или апартманот во пристојна состојба.

- Ве молиме по напуштање на студијата и апартманите да не оставате неизмиени садови и одпадоци

- Користењето на клима уредот е вклучено во цената.

 Сопственикот на вилата има право да реагира и да ја ускрати оваа услуга доколку го оставате апаратот да работи во времето додека сте на плажа или надвор од апартманот

- Во случај на причинета штета за време на престојот, корисникот на апартманот ја надоместува штетата на соспственикот на вилата на лице место 

- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на Last Minute понуда да ги објави и продава останатите слободни капацитети во одредена вила по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе бјавени во ценовникот. Лицата кои предходно го уплатиле својот аранжман немаат право на надомест на средства на име на разлика во цена

- Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс 62 евра 

- Организиран превоз 

- цена на повратен билет -35 евра , деца до 2 години бесплатно (без седиште) деца од 2- 12 години -25 евра