VILLA APOLLO (1)

 

Овој објект е лоциран во самиот центар на познатото место Кавос, кое пак се наоѓа на јужниот дел од островото Крф. Неговата непосредна близина до гратската песочна плажа, како и до бројните објети за забава и набавка на сите потребни услуги за туристите, го издвојува како одличен избор за престој во актуелниот и забавен Кавос. Во својот состав има повеќе двокреветни и трокреветни студија, како и неколку апартмани. Сите единици се опремени со квалитетен ентериер, мини кујна, ТВ, тоалет и балкон со поглед кон дворот или кон градската улица. За своите гости, објектот располага и со WiFi интернет.


(наем на студија и апартмани, 7 или 9 ноќевања)


КРФ - ВИЛА АПОЛО

 

КРФ наем ЈУНИ ЈУЛИ АВГУСТ СЕПТЕМВРИ
студио/апартмани термин 17 24 1 10 19 28 6 15 24 2 9
(7 или 9 ноќевања) ноќевања 7 7 9 9 9 9 9 9 9 7 7
  STD 1/2 (2 лица) 153 169 239 262 288 309 309 309 257 167 139
APOLLO "B" (tv,ac*) STD 1/3 (3 лица) 168 185 261 287 315 338 338 338 281 183 152
Кавос APT2B 2/2 (4 лица) 230 253 358 393 432 463 463 463 386 250 209

 

- Цените се однесуваат за наем на студио или апартман, за 7 или 9 ноќевања (без превоз).
- Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1 EUR = 62 MKD).

 

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

- Доплата за превоз (за корисници на аранжмани): возрасни 70 € ; деца од 2 до 12 год. 50 € (автобус и брод)
- Во студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидeниот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години.
- Доплата за дополнителен кревет (доколку има можност) + 7 EUR на ден.
- Доплата за полупансион (појадок и вечера) во ресторан (информации во агенцијата).
- Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)
- Задолжително патничко осигурување (за лица од 65 год.)


ПРОГРАМА НА АРАНЖМАНОТ:


01.ден  СКОПЈЕ - КИЧЕВО - ИГУМЕНИЦА - КРФ 
Состанок на групата на паркингот спроти хотел Holiday Inn во 00:10 часот. Поаѓање за Грција во 00:30 ч. Ноќно возење со попатни одмори. Пристигнување во пристаништето Игуменица во предпладневните часови. Превоз со траект до островот Крф. По пристигнувањето, трансфер до Ипсос и сместување во објект по избор од програмата. Слободно попладне за одмор. Ноќевање.

од 02.ден до 07. или 09.ден   КРФ (Ипсос или Кавос) 
Денови за одмор и идивидуални активности. Престој во место и објект по избор од програмата, во студија и апартмани на база ноќевање. Комуникација со локалните претставници на агенцијата за евентуални факултативни излети и посети. Ноќевање.

08. или 10.ден  КРФ - ИГУМЕНИЦА
Напуштање на собите до 09:00 часот. Во попладневните часови, заминување на траект. По пристигнување на пристаништето во Игуменица, патувањето продолжува кон Македонија. Возење со повремени попатни одмори. Пристигнување во Скопје, во доцните вечерни часови.

 

* Превоз со конекција од градови обележани со "*" поаѓањето е ден порано од терминот на автобус.