VILA NINAS (6)

Објект сместен во цетралниот дел на Мораитика, во близина на вила Bella Grecia, на 450 метри од плажата. Во близина на вилата се наоѓа пекара, маркети, убави ресторани. Во својот склоп има апартмани за 2, 3 и 4 лица, кои имаат комплетно опремена кујна во одделна просторија од спалните соби, тоалет, балкони, ТВ, Wi-Fi и клима уред.

  

ТЕРМИН:

1/2  апт

1/3  апт

1/4 апт

1/4 + 1 апт

15.06-30.06

40 €

50 €

55 €

65 €

01.07-15.07

45 €

55 €

60 €

70 €

15.07-31.07

50 €

60 €

65 €

75 €

01.08-15.08

50 €

60 €

65 €

75 €

15.08-31.08

47 €

57 €

62 €

72 €

01.09-15.09

40 €

50 €

55 €

65 €

15.09-30.09

38 €

48 €

53 €

63 €

 Цени:

 - Се дадени по апартман, од ноќ, за минимален престој од 5 ноќевања, по курс од 1€ = 61.8 ден

- Во студијата/апартманите дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети.

- Во цената не е вклучена туристичка такса која се плаќа директно во објектот. Користењето на клима е со доплата од 5€ дневно.

 

Напомена:

- Дадената понуда е на барање. За потврда на резервација од страна на сместувачките капацитети потребно е време од 24 - 48 часа.

- За резервација потребна е аконтација од 30% од вкупниот износ на аранжманот, додека останатите 70% од износот треба да се доплатат најдоцна 7 дена пред поаѓање.

- За дадената понуда може да се користат COVID-19 ваучери издадени во 2020 година

- За сите нови резервации, во случај да не може да се организира патувањето поради виша сила, агенцијата гарантира рефундација на уплатените средства

- Во случај на откажување на аранжманот од страна на патникот, дозволена е промена на патници, доколку патникот најде замена, во било кој временски период до поаѓање.

- Задолжително е здравствено и патничко осигурување и е одговорност на патникот да го набави во туристичка агенција или осигурителна компанија

- Патниците се одговорни за валидноста на нивните документи за влез во Грција, освен ако истите се во организација на агенцијата (PCR тест и PLF формулар).

- Патниците се одговорни за важноста на нивните патни исправи, како и за бројот на искористени денови за престој во ЕУ (максимум 90 дена во временски период од 180 дена).

- Агенцијата не е одговорна за интензитетот и квалитетот на интернет врската во сместувачките капацитети во текот на престојот на гостите, како и за периодите со топла и ладна вода и притисок на вода, кои зависат од инфраструкутрата на дестинацијата.

- Со потпишувањето на договорот за патување, патникот потврдува дека е свесен за ризиците кои може да произлезат од патување во време на пандемија и дека за истите агенцијата не сноси никаква одговорност

 

Куќен ред:

- Студијата/апартманите се напуштаат во 08:00 часот, во студијата се влегува после 14:00 часот

- Гостите се сместуваат во претходно подготвени и уредени соби, со обврска сами да се грижат за редот и хигиената на истите во текот на престојот. По завршувањето на престојот гостите се обрзани да ги остават студијата/апартманите во пристојно чиста состојба.

- При употреба на клима уредот се молат гостите да ги затвораат вратите и прозорците. При напуштањето на студијата/апартманите се молат гостите да го исклучуваат клима уредот. Во спротивно, сопствниците на сместувачките капацитети имаат право да го забранат користењето на услугата.

- Гостите се должни да ги остават апартманите и студијата во иста состојба како што ги затекнале. Опремата во студијата/апартманите и на терасите да биде неоштетена. Инвентарот мора да биде на број.

- Во случај на направена штета или губење на клучеви, гостите се должни да ја надокнадат штетата и да платат кај сопствениците на сместувачките капацитети пред заминување.

- Во случај на забелешки во врска со сместувањето или евентуални проблеми настанати во текот на престојот, гостите се должни да ја пријават забелешката или проблемот кај сопствениците на сместувачките капацитети и претставнците на агенцијата во текот на нивниот престој. Агенцијата не сноси одговорност за забелешки и проблеми пријавени после завршувањето на престојот на гостите.