• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

ИПСОС

 

Градчето Ipsos, кое распослано низ долгата песочна плажа во најубавиот дел од островот, несомнино оправдано со години се вбројува во најпосакуваните туристички места на Крф. Неговата местоположба, близината до градот Крф и останатите поголеми тиристички места како Дасиа, Гувиа, Нисаки и Барбати... го карактеризира како добар избор за летен одмор. Богатата тиристичка понуда на сместувачки капацитети, како и на објекти за забава, особено го прават привлечен за оние кои од одморот секогаш очекуваат и нешто повеќе. Изборот на Ипсос и Крф за наша повторна летна дестинација, не е случаен. Долгогодишната соработка со неговите домаќини и задоволството на нашите туристи е императив повеќе, за продолжување на традицијата. Објектите кои се лоцирани во непосредната близина на неговата плажа, нивниот квалитет и поволните цени на туристичките пакети, претставуваат мотив за негов избор.