• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

VILA ANASTASIA 10 nokji (17)

 

Живописното приморско место Неа Рода е вистинскиот избор за сите кои се уморни од гужвата на плажите и сакаат да откријат нешто ново, а во истовреме да уживаат во природните убавини. Местото има исклучително чисто море и долга песочна плажа закитена со Плаво знаме на Медитеранот, поплочени тесни улички со традиционални камени куќи со дворови полни со цвеќе, неколку барови покрај плажата, таверни, маркети, амбуланта, аптека, па дури и кино на отворено... Скриена во преубавиот залив Akanthiosво непосредна близина на апартхотелот Lazaridis, меѓу два зелени рида се наоѓа плажата VoulitsaАтрактивната песочна плажа ќе Ве остави без здив најпрво со бојата на морската вода, па со нејзината чистота, со лежалките и чадорите за сонце и на крај со забавата што ја нуди преку целиот ден на истоимениот бар од каде допираат звуците на убавата музика, студените пијалаци и локалните специјалитети. Доколку Вашиот избор ова лето биде Неа Рода, тогаш задолжително посетете ја фантастичната песочна плажаKomitsa, оддалечена само 4,5 км. Плажата која ќе Ве фасцинира со својата раскошна убавина со право е на листата на светските културни богатства и е под заштита на УНЕСКО како подрачје со природна убавина. Во непосредна близина на плажата се наоѓа и истоимениот камп.

 

Вилаta Anastasia e лоцирана во строгиот центар,на само 20 метри одплажата во Неа Рода, на третиот крак Атос. Вилата има два четирикреветни дуплекс апартмани на прв спрат, еден седумкреветен дуплекс апартман и едно трикреветно студио на високо приземје. Апартманите имаат по две посебни спални соби, купатила, тераси, издвоена кујна комплетно опременасо мини електричен шпорет со рерна, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Сите сместувачки капацитети имаат постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

 

-20% попуст за целосна уплата до 01.12.2018 


 

- Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)

 

Апартман бр.1

Простран четирикреветен дуплекс апартман со две посебни спални соби одделени со врати кој се наоѓа на првиот спрат во вилата (во ценовникот апартманот е назначен како 1/4+1апартман дуплекс). Во просторот пред спалните соби на самиот влез во апартманот се поставени елементите од кујната: мини електричен шпорет со рерна, аспиратор, фрижидер со мала комора, садови за готвење и јадење. Од овој простор се влегува во големо купатило опремено со када. Во едната спална соба има два споени единечни кревети со нормални димензии, мебел и телевизор. Од собата се излегува на тераса која е опремена со маса и столчиња, долга е и има поглед во дворот на вилата. Во втората спална соба има еден дупли кревет, тросед на развлекување, мебел, трепезариска маса и телевизор. Тука се наоѓа и клима уредот, а од собата се излегува на истата тераса која поминува покрај двете спални соби. 

 

Апартман бр.2

Простран четирикреветен дуплекс апартман со две посебни спални соби одделени со врати кој се наоѓа на првиот спрат во вилата (во ценовникот апартманот е назначен како 1/4+1апартман дуплекс). Во просторот пред спалните соби на самиот влез во апартманот се поставени елементите од кујната: мини електричен шпорет со рерна, аспиратор, фрижидер со мала комора, садови за готвење и јадење. Од овој простор се влегува во пространо купатило. Во едната спална соба има два споени единечни кревети со нормални димензии, мебел и телевизор. Од собата се излегува на тераса која е опремена со маса и столчиња, долга е и има поглед на улицата. Во втората спална соба има еден дупли кревет, софа на развлекување, мебел и телевизор. Тука се наоѓа и клима уредот, а од собата се излегува на истата тераса која поминува покрај двете спални соби. 

 

Апартман бр.3

Простран седумкреветен дуплекс апартман со две посебни спални соби одделени со врати, кој се наоѓа во приземјето на вилата (во ценовникот апартманот е назначен како 1/7+1 дуплекс). Во просторот пред спалните соби на самиот влез во апартманот има голема просторија во која има еден дупли кревет, а во продолжение на истата просторија се поставени елементите од кујната: мини електричен шпорет со рерна, аспиратор, фрижидер со одделна комора, садови за готвење и јадење, трепезариска маса. Во овој дел има уште еден мал кревет (димензии 180 x 82 см). Од овој простор се влегува во пространо купатило. Во едната спална соба има еден дупли и еден единечен кревет со нормални димензии, мебел, телевизор и клима. Од собата се излегува на тераса која е опремена со маса и столчиња, долга е и има поглед во дворот на вилата. Во втората спална соба има еден дупли кревет, мебел, телевизор и клима. Од собата се излегува на истата тераса која поминува покрај двете спални соби. 

 

Студио бр. 4

Трокреветно студио кое се наоѓа на високо приземје. Влезот во студиото е од надворешниот дел на вилата. Во студиото има еден дупли и еден 
единечен кревет, а во истата просторија се поставени елементите од кујната: мини електричен шпорет, аспиратор,  фрижидер со комора, 
садови за готвење и јадење, телевизор и клима уред. Од овој простор се влегува во купатилото кое е со помали димензии. Од собата се излегува на пространа тераса која е опремена со маса и столчиња и има поглед на улица. 

 

Напомени и услови:

Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио или апартман за 10 или 7 ноќевања без вклучен превоз 

Во студијата и апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети   

  Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време

При сместувањето влегувате во чисти соби , но за време на престојот сами се грижите за одржувањето на хигиената.По завршувањето на вашето летување, должни сте да го оставите студиото или апартманотво пристојна (чиста) состојба.

Користењето на клима уредоте вклучено во цената.

Сопственикот на вилата има право да реагира и да ја ускрати оваа услугадоколку го оставате апаратот да работи во времето додека сте на плажа или надвор од апартманот. Во случај на причинета штета за време на престојот, корисникот на апратманот ја надоместува штетата на сопственикотна вилата на лице место. Организаторот на патувањето го зарджува правото по пат на LAST MINUTE понуда да ги објави и продаде останатите слободни капацитетеи во одредена вила по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот.Лицата кои предходно го уплатиле својот аранжман немаат право на надомест на средства но има разлика во цена.

Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!

Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Неа Рода

Цена на повратен билет – 35 евра; деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра