VILA TASULA (17)

 

 Vila Tasula  е комплекс составен од четири вили чиј фронтален дел излегува на море, а сместувачките капацитети се оддалечени од плажата десетина чекори. Вилата е лоцирана во централниот дел на Полихроно. Според својата местоположба во централниот дел на шеталиштето и плажата, ја препорачуваме за семејства со деца, бидејќи самата нејзина структура штити од гужва. Супермаркетот е оддалечен на околу минута пешачење, додека во непосредна близина на овој објекти има многубројни ресторани. Вилата е реновирана во 2014 година. Во нашата понуда имаме десет трокреветни апартмани, трокреветни апартмани со помошен лежај како и четирикреветни апартмани. Секој апартман има купатило, кујна (фрижидер, мини електричен шпорет, садови), тераса, TV, Wi-Fi ( со слаб квалитет) и клима вклучена во цената. Постелнината и крпите се менуваат на 5 дена.

 

 

Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио или апартман за 10 ноќевања без вклучен превоз  Во студијата и апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети    Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време При сместувањето влегувате во чисти соби , но за време на престојот сами се грижите за одржувањето на хигиената.По завршувањето на вашето летување, должни сте да го оставите студиото или апартманотво пристојна (чиста) состојба. Во случај на причинета штета за време на престојот, корисникот на апратманот ја надоместува штетата на сопственикотна вилата на лице место. Организаторот на патувањето го зарджува правото по пат на LAST MINUTE понуда да ги објави и продаде останатите слободни капацитетеи во одредена вила по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои предходно го уплатиле својот аранжман немаат право на надомест на средства но има разлика во цена. Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!

  

Килимата е вклучена во цената !


Легенда:

1/2 апп - двокреветен апарман

1/3 апп - трокреветен апартман

1/3+1 апп - трокреветен апартман со помошен (метален ) кревет

1/4 апп - четворокреветен апартман