• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

Трикала

 

Недела: 01.12.2019
Недела: 08.12.2019
Недела: 15.12.2019
Недела: 22.12.2019

Недела: 29.12.2019


Поаѓање од Кичево, Струга и Охрид
Цена: 1090 ден. возрасни

890 ден. деца до 10 год.


Поаѓање од Ресен и Прилеп
Цена: 990 ден. возрасни
790 ден. деца до 10 год.

 

РАБОТИЛНИЦАТА НА ЏУЏИЊАТА НА ДЕДО МРАЗ

Ве водиме на најубавиот Божиќен парк во градот Трикала кој се наоѓа во Централна Грција.

Со Вас понесете само насмевка и желба за добро расположение

+ Посета на Метеори – Рај од природата, манастири поставени на високи камени столбови, комплекс кој никого не остава рамнодушен.

 

Овие области се убедливо идеални дестинации за време на зимската сезона.  Толку многу активности кои што ќе го напрват вашето патување уникатно и овие празници ќе бидат најсреќните моменти во вашиот живот заедно со вашите најмили !


Ќе доживеете еден најбајковит, најволшебен и најсладок Божиќ во работилницата на џуџињата. Тука вашите најмили можат да ја посетат куќата на Дедо Мраз, да цртаат, да прават леб, да видат како се прави чоколадо, да се фотографираат со џуџињата , да ги вкусат традиционалните колачиња. Исто така и возрасните би биле импресионирани со забавниот парк. Во работилницата на џуџињата во ќе имате можност да купите уникатни подароци од прекрасно декорираните дрвени куќарки…


Состанок на групата во 05: 00 часот пред Т.А.Меридијан. Патување преку граничен премин Меџитлија со попатни паузи. Посета на Метеори и работилницата за икони. Комплексот манастири е ставен под заштита на УНЕСКО, бидејќи претставуваат вистинско светско наследство. Денес од шесте манастири, пет се машки а еден е женски манастир, и дел од тие служат како туристичка атракција. Овие манастири се многу популарни за туристите, а овде е сниман и дел од филм со Џејмс Бонд.

Продолжуваме кон Трикала – каде што ќе ја почувствувате магијата за време на Божиќните празници. Вашите најмили можат да ја посетат куќата на Дедо Мраз, да направат прекрасни фотографии со џуџињата, да цртаат, да гледаат, но и да учествуваат во активностите на џуџињата.

 

 

Во цената е вклучено

Превоз на наведената релација со туристички автобус / минибус

Посета на Трикала

Посета на Метеори


Во цената не е вклучено

Влезница во манастир во Метеори

Патничко осигурување