ЛИМЕНАРИЈА HOTEL RALITSA 3* (1)

 

Локација: Хотелот се наога во централното подрачје на Лименарија на 100 м од центарот. Хотелот е на плажа.
Капацитет: 24 соби
Услуга: полупансион (појадок и вечера)
Хотелски содржини: главен ресторан, отворен базен, интернет. 
Опременост на собите: бања, балкон, клима уред, телефон, фрижидер, сателитска ТВ, сеф. 


 

 

- Цените се однесуваат за лице, во соба според табелата и за минимум престој од 7 или 9 ноќевања и услуга - полупансион (појадок и вечера)
- Цените се изразени во EUR за уплати во денарска противвредност (1€=62 MKD)
- За резервација во хотелите е потребна уплата од минимум 50% од вкупната цена, а останатиот износ се доплаќа најдоцна 20 дена пред почетокот на хотелските услуги.
- За резервација на 2 последователни аранжмани (14 ноќи) за исти лица се одобрува попуст од 10% од вториот термин/аранжман (не се комбинира со Early Booking !).
 

НАПОМЕНИ ЗА РАН БУКИНГ:
- Попустите за ран букинг (“Early Booking”) имаат валидност за резервации направени до и заклучно со датумот означен во табуларните ценовници. Истите не може да бидат комбинирани со други попусти и промоции.
- ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА ПОТРЕБНА Е НЕРЕФУНДАБИЛНА УПЛАТА ОД МИН. 30% ОД ВКУПНАТА СУМА НА АРАНЖМАНОТ, а целосна доплата се врши најдоцна до датумот кога завршува попустот за ран букинг.
- Сите резервации направени по предвидените датуми за рано букирање ке бидат наплатени по редовни, или ревидирани услови и цени актуелни во периодот на резервирање.
- Промени во резервации направени во предрезервацискиот период не се дозволени.
- Во случај на промена на веќе потврдена резервација (имиња, број на патници, хотел, термин, итн) цената на програмата ќе биде калкулирана редовно, без попустот за рано букирање, односно според цените актуелни во периодот кога се врши промената.
ПОВРАТЕН АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ: 55 EUR (возрасни); 40 EUR (деца 02-12г.) 

Туристичка такса за престој се плаќа директно во хотел:
- 5* хотели: 4 € од соба од ноќевање
- 4* хотели: 3 € од соба од ноќевање
- 3*хотели: 1.50 € од соба од ноќевање
- 1 & 2* хотели: 0.50 € од соба од ноќевање

 

Автобуски превоз за ТАСОС, според табелата од пакет аранжманот

Место и време на поаѓање:
Скопје      00:30 h    (паркинг спроти хотелот "Holiday Inn")
Велес       01:00 h    (бензиска пумпа, мотел Македонија)
Неготино   01:30 h    (бензиска пумпа, Макпетрол)
Удово       02:00 h     (бензиска пумпа, Макпетрол) 
Гевгелија  02:30 h     (бензиска пумпа, граничен премин Богородица)
Поаѓање од Грција: 14:00 h (локално време, 13:00 мак. време)

Превоз со конекција од следните градови (со доплата 10 € по лице)
Куманово    23:00 h *      (БП Макпетрол, автобуска станица)
Гостивар     22:00 h *      (паркинг кај Дом на култура)
Тетово        23:00 h *      (кружен тек кај Дом на култура)
Кочани       23:10 h *      (БП Макпетрол, кај Основен суд)
Штип          23:55 h *      (паркинг пред пошта)
Кичево       22:45 h *      (пред ТА Меридијан)
Струга        21:30 h *      (хотел Дрим, трафики)
Охрид         21:45 h *      (БП Лукоил, кај автобуска станица)
Ресен          22:30 h *     (спроти автобуска станица)
Битола        23:30 h *      (паркинг кај спортска сала)
Прилеп        00:15 h        (БП Лукоил)
Кавадарци   01:00 h        (паркинг кај гранична полиција)
Радовиш      00:15 h        (БП Макпетрол)
Струмица     01:00 h        (паркинг пред Тинекс)
* Превоз со конекција од градови обележани со "*" поаѓањето е ден порано од терминот на автобус.
 
ПАТНИ ИНФОРМАЦИИ (сопствен превоз)
Насока: Скопје-Limenaria,Thassos (450 km)
Скопје-Thessaloniki (E75), Thessaloniki-Kavala-Keramoti (пристаниште) (E90)
Ferryboat Keramoti-Limenas (30 min), Limenas (пристаниште)-Prinos-Limenaria
Трошоци во еден правец: (износите се променливи)
патарини MK (180 ден), брод/автомобил од 17 €, брод/патник 3,20 €
ПРОГРАМА НА АРАНЖМАНОТ: 
01.ден                                 СКОПЈЕ - КЕРАМОТИ - ТАСОС
Состанок на групата на паркингот спроти хотел “Holiday Inn” во 00:10 часот. Поаѓање за Грција во 00:30 часот наутро. Ноќно возење со попатни одмори. Пристигнување во пристаништето Керамоти во утринските часови. Превоз со траект до островот Тасос. По пристигнувањето, трансфер до Лименарија или Пефкари и сместување во објектот по избор од програмата. Слободно попладне за одмор. Ноќевање.
од 02. до 07. или 09.ден            ТАСОС (Лименарија)

Денови за одмор и идивидуални активности. Престој во објект по избор од програмата, во студија, апартмани и соби на база ноќевање или полупансион. Комуникација со локалните претставници на агенцијата за евентуални факултативни излети и посети. Ноќевање.
08. или 10.ден                    ТАСОС – КЕРАМОТИ - СКОПЈЕ

Напуштање на собите до 10:00 часот. Во попладневните часови, заминување на траект. По пристигнување на пристаништето во Керамоти, патувањето продолжува кон Македонија. Возење со попатни одмори и застанувања. Пристигнување во Скопје, во вечерните часови.


Легенда:
DBL/TWIN - двокреветна соба (можен помошен кревет), SGL - еднокреветна соба, APP - апартман, Family - фамилијарна соба, SUITE – суит, Mezonette – мезонет, Bungalow – бунгалов, PV/MV - поглед на парк, SV - поглед на море,  tv - телевизор, fr - ладилник (фриждер), ac - клима уред, BB - ноќевање со појадок, HB - полупансион (појадок и вечера), AI - (all inclusive) се вклучено.