VILLA THOMAS (1)

 

Во мирниот дел на Лименарија, недалеку од вилата Сотирија се наоѓа Villa Thomas. Со својата надворешност, која е надополнета со убавото зеленило, станува допадлива веќе при првата средба со неа. Во својот состав има повеќе единици за сместување, студија и апартмани, сите опремени со соодветен мебел, мини кујни и балкони со гарнитури за седење. За гостите е обезбеден Wi-Fi интернет, ТВ и клима уред со доплата. Паркирањето на возилата е можно во непосредна близина на објектот.



 

Цените се дадени за сместување по соба според табелата.
Цените се изразени во EUR за уплати во денарска противвредност (1€=62 MKD).

 

Цените се дадени за превоз по лице, во термини според табелата.
Цените се изразени во EUR за уплати во денарска противвредност (1€=62 MKD).

 

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
- За употреба на клима уред (ac*) се доплатува во објектот (каде што е достапен)
- Доплата за туристичка такса 0,5 € - 1 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
- За уплата на две смени (7 + 7 ноќевања) одобруваме попуст од 10% на втората смена.
- Доплата за полупансион (појадок и вечера) во ресторан (информации во агенцијата)
** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети),
преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.
- Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)

 

Автобуски превоз за ТАСОС, според табелата од пакет аранжманот

Место и време на поаѓање:
Скопје      00:30 h    (паркинг спроти хотелот "Holiday Inn")
Велес       01:00 h    (бензиска пумпа, мотел Македонија)
Неготино   01:30 h    (бензиска пумпа, Макпетрол)
Удово       02:00 h     (бензиска пумпа, Макпетрол) 
Гевгелија  02:30 h     (бензиска пумпа, граничен премин Богородица)
Поаѓање од Грција: 14:00 h (локално време, 13:00 мак. време)

Превоз со конекција од следните градови (со доплата 10 € по лице)
Куманово    23:00 h *      (БП Макпетрол, автобуска станица)
Гостивар     22:00 h *      (паркинг кај Дом на култура)
Тетово        23:00 h *      (кружен тек кај Дом на култура)
Кочани       23:10 h *      (БП Макпетрол, кај Основен суд)
Штип          23:55 h *      (паркинг пред пошта)
Кичево       22:45 h *      (пред ТА Меридијан)
Струга        21:30 h *      (хотел Дрим, трафики)
Охрид         21:45 h *      (БП Лукоил, кај автобуска станица)
Ресен          22:30 h *     (спроти автобуска станица)
Битола        23:30 h *      (паркинг кај спортска сала)
Прилеп        00:15 h        (БП Лукоил)
Кавадарци   01:00 h        (паркинг кај гранична полиција)
Радовиш      00:15 h        (БП Макпетрол)
Струмица     01:00 h        (паркинг пред Тинекс)
* Превоз со конекција од градови обележани со "*" поаѓањето е ден порано од терминот на автобус.
 
ПАТНИ ИНФОРМАЦИИ (сопствен превоз)
Насока: Скопје-Limenaria,Thassos (450 km)
Скопје-Thessaloniki (E75), Thessaloniki-Kavala-Keramoti (пристаниште) (E90)
Ferryboat Keramoti-Limenas (30 min), Limenas (пристаниште)-Prinos-Limenaria
Трошоци во еден правец: (износите се променливи)
патарини MK (180 ден), брод/автомобил од 17 €, брод/патник 3,20 €

 

ПРОГРАМА НА АРАНЖМАНОТ: 
01.ден    СКОПЈЕ - КЕРАМОТИ - ТАСОС
Состанок на групата на паркингот спроти хотел “Holiday Inn” во 00:10 часот. Поаѓање за Грција во 00:30 часот наутро. Ноќно возење со попатни одмори. Пристигнување во пристаништето Керамоти во утринските часови. Превоз со траект до островот Тасос. По пристигнувањето, трансфер до Лименарија или Пефкари и сместување во објектот по избор од програмата. Слободно попладне за одмор. Ноќевање.

од 02. до 07. или 09.ден   ТАСОС (Лименарија)

Денови за одмор и идивидуални активности. Престој во објект по избор од програмата, во студија, апартмани и соби на база ноќевање или полупансион. Комуникација со локалните претставници на агенцијата за евентуални факултативни излети и посети. Ноќевање.

08. или 10.ден   ТАСОС – КЕРАМОТИ - СКОПЈЕ

Напуштање на собите до 10:00 часот. Во попладневните часови, заминување на траект. По пристигнување на пристаништето во Керамоти, патувањето продолжува кон Македонија. Возење со попатни одмори и застанувања. Пристигнување во Скопје, во вечерните часови.

ВАЖНИ НАПОМЕНИ:
* Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
* Собите се превземаат од 14:00 часот по локално време на денот на доаѓање. Собите се напуштаат до 09:00 часот по локално време на денот на заминување. 
* Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување.
* Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица. 
* Цените се објавени во Ценовник бр.1, Грција апартмани 2018, со важност до 31.01.2018 година. 
* Цените со попуст, важат со уплата од 50% од износот при резервација и доплата на аранжманот до 31.03.2018 година. 
*  Уплатениот износ од 50%, не се враќа ако патникот го откаже патувањето. 
* При промена на цените (зголемување на цените со објавување на нов ценовник) нема да се менува цената на веќе договорените услуги. 
* Во случај на објавување на т.н. Last Minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот (поради отказ од клиент, намалена цена од сопственикот за одреден термин, недоволна продажба и сл.) нема да се менува цената на веќе договорените услуги. 
* При отказ на аранжманот уплатен по редовни цени, важат условите за отказ објавени во описот на аранжманот или во Општите услови на патување.
Препорачуваме “Осигурување од ризик - отказ на аранжман“ !