VILA EFFI (17)

 

Vila Effi`s Garden се наоѓа во мирниот дел на Лименас. Се наоѓа на 700 метри од центарот на градот и на 500 метри од градската плажа. Убав, семеен објект со голем двор во кој има базен за возрасни и за деца со лежалки и чадори кои се бесплатни за гостите, како и мини игралиште за најмладите. Во состав на дворот има бар со гарнитура за седење и LCD TV, како и простор за подготовка на скара. Во понудата имаме дванаесет сместувачки капацитети кои се наоѓаат на приземје, на високо приземје и на спрат. Четирикреветното студио се наоѓа на прв спрат, опремено е со два стандардни кревети и кревет на развлекување. Четирикреветните апартмани се наоѓаат на високо приземје и на прв спрат, имаат спална соба во која се наоѓа еден француски кревет или два стандарни кревети и дневна соба во која има кауч на развлекување. На вториот спрат од вилата има петкреветен дуплекс: во дневната има кауч на развлекување, во едната соба има француски кревет додека во другата спална соба има три стандардни кревети. На приземјето се наоѓаат петкреветните дуплекси. Секој од нив има сопствен простор адаптиран за тераса со гарнитура за седење. Во секоја спална соба има по два стандардни кревети, а во дневната има кауч на развлекување. Сите сместувачки капацитети се опремени со со мини кујна која е наменета за подготовка на лесни оброци   (фрижидер, мини електричен шпорет, садови за јадење беа садови за подготвување храна), купатило со фен, TV, Wi-Fi со слаб сигнал, клима уред чие користење е вклучено во цената, фен, сеф чие користење не се доплаќа, тераса со гарнитура за седење и чадори. Во собите има крпите кои заедно со  постелнината се менуваат на секои пет дена, а чистењето е секојдневно. Во дворот има туш и тоалет за последниот ден од престојот. Преубавото зелено опкружување на вилата и љубезните домаќини ќе ви го направат престојот во вилата пријатен и релаксирачки.

 

 

 

Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио или апартман за 10 ноќевања без вклучен превоз  Во студијата и апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети    Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време При сместувањето влегувате во чисти соби , но за време на престојот сами се грижите за одржувањето на хигиената.По завршувањето на вашето летување, должни сте да го оставите студиото или апартманотво пристојна (чиста) состојба. Во случај на причинета штета за време на престојот, корисникот на апратманот ја надоместува штетата на сопственикот на вилата на лице место. Организаторот на патувањето го зарджува правото по пат на LAST MINUTE понуда да ги објави и продаде останатите слободни капацитетеи во одредена вила по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои предходно го уплатиле својот аранжман немаат право на надомест на средства но има разлика во цена. Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс 62 денари!