VILA DELPHINI (17)

 

Vila Delphini се наоѓа на 150 метри од брегот на морето во непосредна близина на реката  Aheron. Во понудата имаме двокреветни и трикреветни соби кои се наоѓаат на првиот спрат од вилата во кои има мини фрижидер без дел за замрзнување. Сите соби имаат купатило,  LCD TV, WiFi  со слаб сигнал и клима уред кој се доплаќа по 5 евра од ден. Основната услуга е ноќевање со појадок (шведска маса)  кој се служи во приземјето на вилата во ресторанскиот простор, додека вечера може да се доплати во ресторанот Poseidon кој се наоѓа на само неколку минути пешачење. Доплатата за вечерата е 7 евра по лице. На 50 метри од вилата се наоѓа најблискиот супермаркет и има парк за децата. Чистењето на собите е секој шести ден од престојот, додека постелнината и крпите се менуваат на секои три дена. Гостите на вилата  Delphini имаат обезбеден паркинг простор. На сите кои посакуваат мирен одмор, како и на љубителите на риболовот им ја препорачуваме дестинацијата Амудија и вилата  Delphini бидејќи се идеални за тоа.

 

 

 

 

Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио или апартман за 10 ноќевања без вклучен превоз 

Во студијата и апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети    Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време

При сместувањето влегувате во чисти соби , но за време на престојот сами се грижите за одржувањето на хигиената.

По завршувањето на вашето летување, должни сте да го оставите студиото или апартманотво пристојна (чиста) состојба. Во случај на причинета штета за време на престојот, корисникот на апратманот ја надоместува штетата на сопственикот на вилата на лице место.

Организаторот на патувањето го зарджува правото по пат на LAST MINUTE понуда да ги објави и продаде останатите слободни капацитетеи во одредена вила по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот.

Лицата кои предходно го уплатиле својот аранжман немаат право на надомест на средства но има разлика во цена. Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс 62 денари!