МЕТАМОРФОЗИ OLIMPIC BIBIS 2* (1)

 

 

Локација: Грција / Халкидики / Ситонија / Метаморфози
Хотелски содржини: рецепција, ресторан, отворен базен, бар, snack бар, бежичен интернет (wi-fi), паркинг, рент а кар услуги, игралиште за деца, пинг-понг, фудбалско игралиште...
Сместување: сите соби се опремени со тоалет, фрижидер, балкон, клима, ТВ. Еден ден во неделата хотелот организира „грчка вечер  со традиционална грчка музика.
Опис: Хотелот се наоѓа на околу 170м. одалеченост од плажа, околу 15 минути пешачење до центарот на Метаморфози.
Плажа: песочна
Услуга: полупансион (појадок и вечера)

 

 

- Цените се однесуваат за лице, во соба според табелата и за минимум престој од 7 ноќевања и услуга - полупансион (појадок и вечера)
- Цените се изразени во EUR за уплати во денарска противвредност (1€=62 MKD)
- За резервација во хотелите е потребна уплата од минимум 30% од вкупната цена, а останатиот износ се доплаќа најдоцна 20 дена пред почетокот на хотелските услуги.
- Во основните цени не се пресметани попустите за Ран Букинг. Цената со попуст за рани резервации е дадена во редот под основната цена (црвено)

- За резервација на 2 последователни аранжмани (14 ноќи) за исти лица се одобрува попуст од 10% од вториот термин/аранжман (не се комбинира со Early Booking !).

НАПОМЕНИ ЗА РАН БУКИНГ:
- Попустите за ран букинг (“Early Booking”) имаат валидност за резервации направени до и заклучно со датумот означен во табуларните ценовници. Истите не може да бидат комбинирани со други попусти и промоции.
- ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА ПОТРЕБНА Е НЕРЕФУНДАБИЛНА УПЛАТА ОД МИН. 50% ОД ВКУПНАТА СУМА НА АРАНЖМАНОТ, а целосна доплата се врши најдоцна 3 недели (20 дена) пред датумот на влез во хотел.
- Сите резервации направени по предвидените датуми за рано букирање ке бидат наплатени по редовни, или ревидирани услови и цени актуелни во периодот на резервирање.
- Промени во резервации направени во предрезервацискиот период не се дозволени.
- Во случај на промена на веќе потврдена резервација (имиња, број на патници, хотел, термин, итн) цената на програмата ќе биде калкулирана редовно, без попустот за рано букирање, односно според цените актуелни во периодот кога се врши промената.

ПОВРАТЕН АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ: 35 EUR (возрасни); 25 EUR (деца 02-12г.) 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
- Услуга на сместување во избраниот хотел на база на избраната услуга за време на избраниот период со 7,8 или 9 ноќевања, според табелите во ценовникот.
- Трошоци за организација на програмата

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
- Превоз до избраниот хотел во Грција (*** На барање, со доплата, може да се организира превоз до хотелите)
- Задолжително патничко осигурување
- Услуги како бесплатно користење лежалки и чадори  на плажа итн. не се вклучени во цена, освен ако е наведено поинаку во подеталните описи на хотелот.
- Останати индивидуални трошоци, факултативни екскурзии, дополнителни оброци...

Туристичка такса за престој се плаќа директно во хотел:
5* хотели: 4 € од соба од ноќевање
- 4* хотели: 3 € од соба од ноќевање
- 3*хотели: 1.50 € од соба од ноќевање
- 1 & 2* хотели: 0.50 € од соба од ноќевање

 

Автобуски превоз за СИТОНИЈА

секоја недела, од 20.мај до 30.септември

Место и време на поаѓање:
Скопје     06:00 h   (паркинг спроти хотелот "Holiday Inn")
Велес      06:30 h   (бензиска пумпа, мотел Македонија)
Неготино  07:00 h   (бензиска пумпа, Макпетрол)
Удово      07:30 h    (бензиска пумпа, Макпетрол) 
Гевгелија 08:00 h    (бензиска пумпа, граничен премин Богородица)
Поаѓање од Грција: 16:00 h (локално време, 15:00 мак. време)
 
Превоз со конекција од следните градови (со доплата 10 € по лице)
Куманово    04:30 h     (БП Макпетрол, автобуска станица)
Гостивар     03:45 h     (паркинг кај Дом на култура)
Тетово        04:45 h     (кружен тек кај Дом на култура)
Кочани       04:45 h     (БП Макпетрол, кај Основен суд)
Штип          05:30 h     (паркинг пред пошта)
Кичево       04:30 h     (БП Пуцко петрол, спроти ТА Меридијан)
Струга        03:00 h     (хотел Дрим, трафики)
Охрид         03:30 h     (БП Лукоил, кај автобуска станица)
Ресен         04:00 h      (спроти автобуска станица)
Битола        05:00 h     (паркинг кај спортска сала)
Прилеп       05:45 h     (БП Лукоил)
Кавадарци  06:30 h     (паркинг кај гранична полиција)
Радовиш     05:45 h     (БП Макпетрол)
Струмица    06:30 h     (паркинг пред Тинекс)
 
ПАТНИ ИНФОРМАЦИИ (сопствен превоз)
Насока: Скопје - Неос Мармарас (360 km)
Скопје - Солун (E75),
Солун - Неа Мудања - Псакудиа - Метаморфоси - Неос Мармарас
Трошоци во еден правец:
патарини MK (180 ден)

 

ПРОГРАМА НА АРАНЖМАНОТ:
01.ден (недела)    СКОПЈЕ - ХАЛКИДИКИ (Ситонија)
Состанок на групата на паркингот спроти хотел “Holiday Inn” во 05:30 часот. Поаѓање за Грција во 06:00 часот наутро. Патот води преку граничниот премин Богородица-Евзони. По пристигнување во местото, сместување во објект по избор од програмата. Слободно попладне за одмор. Ноќевање.
од 02.ден (понеделник) до 07.ден (сабота)    ХАЛКИДИКИ (Ситонија)

Денови за одмор и идивидуални активности. Престој во место и објект по избор од програмата, во студија и апартмани на база ноќевање. Комуникација со локалните претставници на агенцијата за евентуални факултативни излети и посети. Ноќевање.
08.ден (недела)      ХАЛКИДИКИ (Ситонија) - СКОПЈЕ

Напуштање на собите до 09:00 часот. Во попладневните часови, заминување од местото на престој и патување кон Македонија. Пристигнување во Скопје, во вечерните часови.


Легенда:

DBL/TWIN - двокреветна соба (можен помошен кревет), SGL - еднокреветна соба, APP - апартман, Family - фамилијарна соба, SUITE – суит, Mezonette – мезонет, Bungalow – бунгалов, PV/MV - поглед на парк, SV - поглед на море,  tv - телевизор, fr - ладилник (фриждер), ac - клима уред, BB - ноќевање со појадок, HB - полупансион (појадок и вечера), AI - (all inclusive) се вклучено.