• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

VILA MARIA KARGA (12)

 

Ормос Панагијас се наоѓа на источната страна на Ситонија, на само 2,5 км од Агиос Николаос и на околу 115 км од Солун. Оттука поаѓаат бродовите за крстарење околу Света Гора, како и организирани екскурзии до островот Амулијани, кој е најголем остров во овој дел на Халкидики. Во непосредна близина, на околу 500 метри се наоѓа една од најубавите плажи на Ситонија, Трани Амуда, која е долга 3 км. Локалното население е познато по производство на Tsipouro-јак локален пијалок, кој го произведуваат на старински начин


Куќа “Maria Karga” се наoѓа на самиот влез во местото, на околу 100 метри оддалеченост од море. Вилата располага со двокреветни, трикреветни и четворокреветни студија. Секоја соба има комплетно опремена кујна, тоалет, ТВ, клима и тераса. 

 

Термин

Ноќевања

1/2 студио

1/3 студио

1/4 студио

26/5-2/6

7*

180*

195*

215*

2/6-12/6

10*

320*

335*

355*

12/6-21/6

9*

340*

355*

375*

21/6-30/6

9*

380*

395*

415*

30/6-9/7

9

415

445

495

9/7-18/7

9

455

475

565

18/7-27/7

9

475

515

625

27/7-5/8

9

475

515

625

5/8-14/8

9

475

515

625

14/8-23/8

9

475

515

625

23/8-1/9

9

445

465

555

1/9-11/9

10

415*

430*

450*

11/9-21/9

10

380*

395*

415*

21/9-1/10

10

220*

235*

255*


Напомени и услови:

* Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари, по курс 1 евро = 62 денари.

Истите се за наем на цело студио или апартман, за број на ноќевања кој е запишан во табелата.

Доплата за туристичка такса во Р.Грција, 0,50 € по соба на ден (се доплаќа во објектот) 

 

* Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.

* За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.

* Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.

* Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.

* Единствено е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години над бројот на кревети во секое студио или апартман 

* Сликите кои се објавени на нашата веб-страница се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените. Нашата веб-страница е од информативен карактер, за сите детали и специфичности, задолжително информирајте се во нашата агенција.

* Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот а цената за истиот изнесува:

За возрасни 2.170 мкд. (35 евра)

За деца до 12 години 1.550 мкд. (25 евра)

Деца до 2 години бесплатно, без седиште


* Тргнувањето од Скопје е во 3 часот наутро (на паркингот спроти хотел „Холидеј ин“) а состанок на групата е во 2:30 минути. Тргнувањето од Грција е од место и време кои се договараат со придружникот-пратител на групата.

* Клиентите кои не користат огранизиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација на сместувачките капацитети во нашите канцеларии. 

* За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.

* Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.

* Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Одлуката за доплата на клима-уред, интернет и слично, кај одредени сместувачки капацитети е на сопствениците на објектите.

* т.а. „Меридијан“ не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.

* Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.

* Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „Меридијан“ и на самата агенција. 

* За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ и т.а. „Меридијан“.