• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

VILA VANGELIS (14)

                                                                                                          
Вила “VANGELIS” се наоѓа на 150m од плажа, веднаш до хотел "Eleni" во Лептокарија. Располага со двокреветни и трокреветни студија.. апартман со една спална за 5 лица и дуплекс апартман со две одделни спални соби за 5 лица. Во двокреветните студија има 2 единечни легла, во трокреветните има еден брачен и еден единечен, во апартманот со една спална има еден брачен во спалната, а еден брачен и еден единечен во кујната, додека во дуплекс апартманот има три единечни во едната спална и две единечни во другата. Сите студија/апартмани се комплетно опремени со: кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла, фрижидер...), тоалет, огледало, туш, балкон (масичка со столчиња), клима, ТV, гардеробер. На располагање на гостите е бесплатен  интернет. Студијата и апартмани се на високо приземје и први кат. Прекрасно уредениот двор ги воодушевува сите кои случајно или намерно минуваат покрај вилата.

20% попуст за целосна уплата до 01.01.20   |  15% попуст за целосна уплата до 01.02.20
10% попуст за целосна уплата до 01.03.20   |    5% попуст за целосна уплата до 01.04.20

 

НАПОМЕНА

-  Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то лице во студио, 5-то лице во апартман - БЕСПЛАТНО сместување;
-  Цените за 7 ноќи/8 дена со *, се дадени за наем на цело студио/апартман без вклучен превоз;
-  Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
-  При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
-  Во студио и апартман со една спална, плаќаат минимум 2 лица | 3-то лице во Студио и 3-то, 4-то и 5-то лице во АПТ со една спална се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз;
-  Во дуплекс апартман со две одделни спални, плаќаат минимум 4 лица | 5-то лице се сместува БЕСПЛАТНО, плаќа само превоз;
-  Во студио/апартман, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 7 години во кревет со двајца возрасни - БЕСПЛАТНО;
-  Поради генерално чистење на студијата/апартманите после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот;
-  Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;
-  Превоз од: Штип / Скопје / Куманово / Велес / Струмица / Гевгелија;
-  Автобусот ги остава/зема патниците на 10m од вилата.-  Wi-Fi интернет - БЕСПЛАТНО!!
 -  Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и НE важат за првиот и последниот термин.

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

-  За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 10% попуст на вториот термин;
-  За аранжманите за 7 ноќи/8 дена без *, при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
-  Доплата за туристичка такса - 0.50€ од соба од ноќ (се плаќа во самиот објект при сместување);
-  Доплата за клима - 5€ од ден на лице место;
-  Доплата за превоз: 35€ за возрасни / 25€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. - бесплатно (без седиште);
-  Доплата за патничко осигурување.