• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

ИСТАНБУЛ (23)

 

Дополнителни  10% ПОПУСТ  за првите 10 уплати до 30 Ноември !!!

ТЕРМИН06 Март 


1 ден 06.03.2020  ИСТАНБУЛ

Состанок на групата спроти спртски центар Борис Трајковски  во 15:00 ч. Поаѓање за Истанбул во 15:30 h. Се патува преку граничниот премин Богородица и Грција. Ноќно возење со попатни паузи.    

 

2 ден 07.03.2020  ИСТАНБУЛ : панорамско разгледување + крстарење по БОСФОР+ Азиската страна

Пристигнување во Истанбул во утринските часови.

*Предлагаме факултативно панорамско разгледување на градот со автобус и водич: Капали чаршија, Бејазит- најстариот универзитет, Лалели,  Аксарај, Римскиот Аквадукт, Бејоглу, Пера Палас хотелот (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), кратка прошетка низ Таксим, Операта, стадионот на  ФК Бешикташ,  Долма Бахче Сарајот.

*Потоа заминуваме  факултативно на прекрасно и возбудливо крстарење по БОСФОР со приватен брод и водич: тврдината Румели Хисар, “Beyler beyi”  палатата... Ќе уживате во прекрасниот  поглед на раскошните палати на светски познатите политичари и бизнисмени ( Тансу Чилер...),  Kiskulesi (Моминската кула) , Султанската палата Чираган ... палатите од Турските ТВ серии...   

*Сместување во хотел. Слободно попладне.

* Во приквечерни часови ве водиме факултативно на Азиската страна на Истанбул и Ускудар со метро, преку подводниот тунел Мармарас, за само 4 мин. Тунелот е изграден 60 м. под Босфор. Во Ускудар ќе ја видиме познатата џамија на Михримах Султан. Потоа со автобус продолжуваме кон Бејлербеи, познато по многубројните ресторани покрај Босфор но и по прекрасните куќи на богатите жители на Истанбул. Тука се наоѓа и прекрасната палата на Султан Абдулазис. Место каде се снимаат и многубројните турски серии. Можност да пробате рибни специјалитети. Се враќаме преку најголемиот и најпознат мост преку Босфор.  Ноќевање.

 

3 ден 08.03.2020   ИСТАНБУЛ : Долма Бахче Сарај Палата + Принчеви острови

Појадок.  Заминуваме на  организираме факултативна посетана најбогатата, најубавата и последната султанска палата – Долма Бахче Сарај Палатата со локален водич.  Потоа предлагаме прекрасен и релаксиран излет, крстарење со брод низ Мраморното море кон Принчевите острови и посета на Buyuk ada (Големото острово). Овој архипелаг се состои од 9 острови и на нив е забранета употреба на моторни возила. Превозно средство: Коњска кочија –Пајтон, со кој предлагаме да се возиме околу островот. Островот е многу пошумен, со убави плажи, прекрасни стари куќи од Отоманскиот период. Островот каде императорот Јустин 1ви, внук на Императорот Јустинијан и Теодора, изградил палата и манастир. Предлагаме  ручек во еден од многуте рибни ресторани. На враќање одиме да ја посетиме Галата кулата ( влезница се плаќа на лице место).

Вечерта факултативно ве водиме во традиционален ресторан  со богато мени и прекрасна програма со ориентални танци за незаборавно доживување. Ноќевање.

 

 

4 ден 09.03.2020  ОТОМАНСКИ И ВИЗАНТИСКИ ИСТАНБУЛ  

Појадок. Ве водиме во славното и бурно минато на Османлиското царство: со локален водич ќе ја разгледаме познатата  црква АЈА СОФИЈА , ќе влеземе во најпознатата султанска палата во светот - Топ Капи Палатата и ќе го видиме Султанскиот Харем . Потоа ќе се воодушевуваме на големината на Сината џамија, Султанахмед плоштадот и Византискиот хиподром. Можност да се посети и подземната византиска цистерна каде се чувала водата за пиење од каде градот бил снабдуван со вода. За крај , ве водиме во голем шопинг центар ФОРУМ. Поаѓање за Скопје во вечерните часови. Се патува преку Грција, денско и ноќно возење со попатни паузи. Пристигнување во предпладневните часови,следниот 

 

 ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТА ДО 31.01.2020 79 € / 4.900 ден 

 ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 99 € / 6.140  ден

 

 

Цената вклучува:

*Превоз со високотуристички автобус

на релација Истанбул 

* Сместување во хотел 3*  / 2 НП

* Пратител на програмата

 

Цената не вклучува:

Факултативни Излети:

* панорамско разгледување на градот со автобус – 10 евра

* Крстарење по Босфор – 20 евра

* Посета на Долма Бахче сарајот со локален водич, превоз со автобус и влезница во палатата и влезница за харемот-   35 евра

* Отомански - Византиски Истанбул: превоз со автобус и локален водич – 10 евра

* Влезници за  музеите: 

Топ Капи – 15 евра

Аја Софија (влезница и аудио опрема) – 20 евра

Харемот во Топ Капи – 10 евра

Посета на Азија со автобус и водич – 15 евра

* Вечера во ориентален ресторан со стомачни танци –35 евра

* Патничко осигурување.

* Доплата за еднокреветна соба 2.480 ден.

 

*** За реализација на програмата потребни се минимум 45 особи

 

*** Плаќање во денарска противвредност 1 евро = 62 денари 

 

*** Сите други услови на патување важат според годишната програма на T.A.Меридијан