• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

VILLA MARIA LOUISA (1)

Вилата е оддалечена 350 м. од море, опкружена е со двор во кој се наоѓа базен и детско игралиште. Сместувачките капацитети се студија кои имаат расположливост за сместување на две и три лица и апартмани т за сместување на четири и пет лица. Сите сместувачки капацитети имаат кујна опремена со електричен шпорет, тоалет, ТВ, клима, тераса и маса со столици во кујна и тераса.


СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА !!!
ПОПУСТ од -20% 

УСЛУГА 25.05-01.06 01.06-08.06 08.06-15.06
наем на СТУДИО 1/2+1 (3 лица) 108 € 135 € 154 €
наем на АПАРТМАН 2/2 (4 лица) 142 € 177 € 204 €
7 ноќевања со превоз по лице (во СТУДИО за 3 лица) 81 € 90 € 96 €

                      РЕДОВНИ ЦЕНИ (наем за 7 или 9 ноќевања, со сопствен превоз)

* Цените се однесуваат за наем на студио или апартман, за 7 или 9 ноќевања (без превоз)
* Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1 EUR = 62 MKD).


                            ПАКЕТ АРАНЖМАН (7 или 9 ноќевања со автобуски прeвоз)

* Цените се однесуваат за пакет аранжман по лице ( 7 или 9 ноќевања со вклучен превоз) за минимум 2 возрасни лица во студио / апартман.
* БЕСПЛАТНО сместување за трето и четврто лице на дополнителен кревет, плаќа само превоз 55 €  (40 € деца 2-12 години).
* Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1 EUR = 62 MKD)


ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
- Употребата на клима уред во објектите е бесплатна (каде што е достапен)
- Доплата за туристичка такса 1.5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
- За уплата на две смени одобруваме попуст од 10% на втората смена.
** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.
- Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата) 

АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ и БРОДСКА КАРТА: 55 € (40 € за деца 2-12 год.)


ВАЖНИ НАПОМЕНИ:
* Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
* Собите се превземаат од 14:00 часот по локално време на денот на доаѓање. Собите се напуштаат до 09:00 часот по локално време на денот на заминување. 
* Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување. Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица. 
* Цените се објавени во Travel Info бр.100, апартманско и хотелско сместување во Грција, со важност до 30.09.2019 година. 
* Цените со попуст важат за резервација и уплата на 50% од износот на аранжманот до датумот на важност на попустот. Уплатениот износ од 50% не се враќа ако патникот го откаже патувањето.
* При промена на цените (зголемување на цените со објавување на нов ценовник) нема да се менува цената на веќе договорените услуги. 
* Во случај на објавување на т.н. Last Minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот (поради отказ од клиент, намалена цена од сопственикот за одреден термин, недоволна продажба и сл.) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.  
* При отказ на аранжманот уплатен по редовни цени, важат условите за отказ објавени во описот на аранжманот или во Општите услови на патување. 
Препорачуваме “Осигурување од ризик - отказ на аранжман“ !

НАПОМЕНA:
- Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
- Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
- Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот.
                                                                                         

Автобуски превоз за ЕВИА, според табелата од пакет аранжманот:

Место и време на поаѓање:
Скопје      00:30 h    (паркинг спроти хотелот "Holiday Inn")
Велес       01:00 h    (бензиска пумпа, мотел Македонија)
Неготино   01:30 h    (бензиска пумпа, Макпетрол)
Смоквица  02:00 h    (бензиска пумпа, РТ петрол)
Гевгелија  02:30 h     (бензиска пумпа, граничен премин Богородица)
Поаѓање од Грција: 14:00 h (локално време, 13:00 мак. време)

Превоз со конекција од следните градови (со доплата 10 € по лице)
Куманово    23:00 h *      (БП Макпетрол, автобуска станица)
Гостивар     22:00 h *      (паркинг кај Дом на култура)
Тетово        23:00 h *      (кружен тек кај Дом на култура)
Кочани       23:10 h *      (БП Макпетрол, кај Основен суд)
Штип          23:55 h *      (паркинг пред пошта)
Кичево       22:45 h *      (БП Пуцко петрол, спроти ТА Меридијан)
Струга        21:30 h *      (хотел Дрим, трафики)
Охрид         21:45 h *      (БП Лукоил, кај автобуска станица)
Ресен          22:30 h *     (спроти автобуска станица)
Битола        23:30 h *      (паркинг кај спортска сала)
Прилеп        00:15 h        (БП Лукоил)
Кавадарци   01:00 h        (паркинг кај гранична полиција)
Радовиш      00:15 h        (БП Макпетрол)
Струмица     01:00 h        (паркинг пред Тинекс)
* Превоз со конекција од градови обележани со "*" поаѓањето е ден порано од терминот на автобус.
 
ПАТНИ ИНФОРМАЦИИ (сопствен превоз)

Насока: Скопје-Евиа, Пефки (495 km)
Скопје-Athens (E75), Glyfa (пристаниште), Ferryboat Glyfa-Agiokampos (30 min), Agiokampos (пристаниште)-Istala-Pefki
Трошоци во еден правец: (износите се променливи)
патарини MK (180 ден), патарини GR (16,10 €), брод/автомобил од 13,5 € , брод/патник 2,30 €