• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

VILA EVI 1 10 nokji (17)

 

Првото туристичко место кое ќе Ве сретне на патот кон Касандра е Неа Каликратија, оддалечено само 40 километри од Солун. Градот кој живее цела година изобилува со ресторани, таверни, амбуланта, аптеки, маркети, слаткарници, продавници (Lidl, Masutis, Marinopoulos)....Во центарот се наоѓа голем парк со забавни игри за децата и уредена песочна плажа во должина од 800 метри. На само 5 километри од градот се наоѓа познатата плажаSahara, надградена со Сино знаме за чистота која нуди одлична забава за младите.

  

Вилата Evi I е лоцирана во самиот центар во Неа Каликратија, на само 120 метри од морето, меѓу изобилство продавници, маркети и пекари, гиро и ресторани. Вилата е мала, од типот на семејните куќи и располага со само два апартмани кои имаат поглед во вилата Evi II“ која се наоѓа на самата улица. Апартманите се наоѓаат на приземје и на прв спрат. Сместувачките капацитети имаат сопствено купатило и се опремени со кујни (електрични шпорети со рерни или електрично решо, фрижидери и основни садови за готвење и јадење), телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Во апартманите има постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во најголем дел од сместувачките капацитети е со сопствен бојлер, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

 

-20% попуст за целосна уплата до 01.12.2018 


 

- Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)

Апартман бр.1

Трокреветен апартман на приземје. Апартманот има две простории. Вопрвата соба има комплетно опремена кујна во која има електрично решо, голем фрижидер со одделна комора и комплет садови за готвење и јадење. Во оваа просторија има еден кауч на кој може да спие едно возрасно лице или две деца на возраст до шест години. Тука е и клима уредот. Од оваа просторија се влегува во купатилото кое има сопствен бојлер, како и во втората спална соба опремена со два единечни кревети со нормални димензии, мебел и телевизор. Собата има прозорец кој гледа кон дворот на вилата. Апартманот се препорачува за семејства со мали деца бидејќи пред влезот има мало дворно место од каде нема излез на улица. Просторот е опремен со пластична маса и столчиња.

Дуплекс бр.2

1/4 +1 дуплекс апартман на прв спрат. Апартманот има три простории. Во првата соба има еден кауч (на кој може да спие едно возрасно лице или две деца на возраст до 6 години), телевизор и клима уред. Во истата просторија има комплетно опремена кујна во која има мини шпорет, асприратор, голем фрижидер со одделна комора и комплет садови за готвење и јадење. Од оваа просторија се влегува во мало купатило со сопствен бојлер, како и две посебни спални соби издвоени со врати. Во секоја спална соба има по два единечни кревети со нормални димензии и мебел. Апартманот има и пространа тераса опремена со пластична маса и столчиња. 

 

Напомени и услови:

Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио или апартман за 10 или 7 ноќевања без вклучен превоз 

Во студијата и апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети   

Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време

При сместувањето влегувате во чисти соби , но за време на престојот сами се грижите за одржувањето на хигиената.По завршувањето на вашето летување, должни сте да го оставите студиото или апартманотво пристојна (чиста) состојба.

Користењето на клима уредоте вклучено во цената.

Сопственикот на вилата има право да реагира и да ја ускрати оваа услугадоколку го оставате апаратот да работи во времето додека сте на плажа или надвор од апартманот.

Во случај на причинета штета за време на престојот, корисникот на апратманот ја надоместува штетата на сопственикотна вилата на лице место.

Организаторот на патувањето го зарджува правото по пат на LAST MINUTE понуда да ги објави и продаде останатите слободни капацитетеи во одредена вила по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот.Лицата кои предходно го уплатиле својот аранжман немаат право на надомест на средства но има разлика во цена. Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!

  Организиран превоз Скопје-Кавадарци- Неа Каликратија

Цена на повратен билет – 35 евра; деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра