VILA ASTIR (34)

Astir Studios 2* Astir Studios 2* (локална категоризација) се наоѓаат на 10 метри од плажата во Порос. Центарот, каде се лоцирани кафичите, рестораните и продавниците се наоѓа на 100 метри од објектот. Сите соби имаат клима (доплата на лице место). Објекот располага со студија кои се опремени со кујна. Сите соби имаат балкон, половина од собите гледаат на Јонското море, а половина на планината. На гостите им е овозможен пристап до WiFi интернет во заедничките простории на хотелот.

ЈУЛИ Прв термин 07.07.2024 - 15.07.2024
(7 ноќи)

-       1/ 2  со поглед на море= 279 евра по лице

-       1/ 2 стандард = 249 евра по лице

-       1/3 = 239 евра по лице

 

ЈУЛИ Втор термин 14.07.2024 - 22.07.2024 (7 ноќи)

-       1 / 2 = поглед на море = 299 евра по лице

-       1/ 2 стандард = 269 евра по лице

-       1/3 = 239 евра по лице

 

ЈУЛИ Трет термин 21.07.2024 - 29.07.2024 (7 ноќи)

-       1 / 2 = поглед на море = 299 евра по лице

-       1/ 2 стандард = 269 евра по лице

-       1/3 = 239 евра по лице

 

ЈУЛИ Четврт термин 28.07.2024 - 05.08.2024 (7 ноќи)

-       1 / 2 = поглед на море = 299 евра по лице

-       1/ 2 стандард = 269 евра по лице

-       1/3 = 239 евра по лице

 

АВГУСТ Прв термин 04.08.2024 - 12.08.2024 (7 ноќи)

-       1 / 2 = поглед на море = 299 евра по лице

-       1/ 2 стандард = 269 евра по лице

-       1/3 = 239 евра по лице

 

АВГУСТ Втор термин 11.08.2024 - 19.08.2024 (7 ноќи)

-       1 / 2 = поглед на море = 279 евра по лице

-       1/ 2 стандард = 249 евра по лице

-       1/3 = 239 евра по лице

 

АВГУСТ 18.08.2024 - 26.08.2024 (7 ноќи)

-       1 / 2 = поглед на море = 279 евра по лице

-       1/ 2 стандард = 249 евра по лице

-       1/3 = 239 евра по лице

 

 

АВГУСТ  Четврт термин 25.08.2024 - 02.09.2024 (7 ноќи)

-       1 / 2 = поглед на море = 259 евра по лице

-       1/ 2 стандард = 229 евра по лице

-       1/3 = 219 евра по лице

 

СЕПТЕМВРИ Прв термин 01.09.2024 – 09.09.2024 (7 ноќи)

-       1 / 2 = поглед на море = 239 евра по лице

-       1/ 2 стандард = 209 евра по лице

-       1/3 = 199 евра по лице

 

СЕПТЕМВРИ Втор термин 08.09.2024 – 16.09.2024 (7 ноќи)

-       1 / 2 = поглед на море = 209 евра по лице

-       1/ 2 стандард = 179 евра по лице

-       1/3 = 169 евра по лице

 

 

План За Патување

ЦЕЛОСНА ПРОГРАМА ЗА ПАТУВАЊЕ

 

1.ДЕН / СКОПЈЕ – МАКЕДОНИЈА – ГРЦИЈА:

Состанок на групата на договорена локација во Скопје, тргнување во попладневните часови. Следува возење преку Македонија и Грција со кратки паузи поради одмор, како и за регулирање на граничните формалности.

 

2 – 8.ДЕН / КЕФАЛОНИЈА:

Во утринските часови пристигнување на пристаништето Килини. Следува трансфер со траект до Кефалонија. Пристигнување на преубавата Кефалонија во претпладневните часови и следува краток трансфер до сместувањата. На најголемиот остров на Јонското море ќе поминеме во наредните 10 дена. На островот не очекуваат сјајни факултативни излети. Преку ден ќе уживаме на најубавите плажи, ќе го посетиме чудесното езеро Мелисани, а навечер ќе уживаме во прекрасната марина во Порос. На Кефалонија очекувајте го неочекуваното…

 

9.ДЕН / KЕФАЛОНИЈА – ГРЦИЈА – МАКЕДОНИЈА:

Во утринските часови следува напуштање на сместувањата и следува пакување на куферите во автобус. Слободно време. Трансфер до пристаништето каде следува возење со траект, од каде продолжуваме со патувањето преку Грција со попатни паузи за одмор и регулирање на граничните формалности…

 

10.ДЕН / МАКЕДОНИЈА – СКОПЈЕ:

Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

 

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА

 

 Сместување на база 7 ноќевање во повеќе креветни апартмани/студија/соби во избраниот хотел или вила на Кефалонија/Порос

 

 Превоз со високо туристички автобус на релација Скопје – Порос – Скопје

 

Организација на аранжманот и пратител на групатa

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА

 

– Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување 1 евра по ден (покритие до 30.000 евра без франшиза) – се плаќа во агенција

 

– Билет за брод на релација Келини – Порос – Келини кој чини 35 евра

 

– Задолжителна туристичка такса за Грција која се наплаќа од 01.01.2014. година (дневно по соба: приватно сместување – 1,5 евра) – се плаќа во агенција.

 

– Факултативни излети

 

Индивидуални трошоци.

 

Напомена:

–  За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници

 

– Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање

 

– Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд

 

– Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

 

За деца до 11,99 50% попуст на редовната цена

 

 

Факултативни излети :

 

Етно тура Кефалонија

 

Со оглед на тоа што островот Кефалонија е единствен остров со национален парк од сите острови на јонското море, поради тоа е единствен остров кој може да ви пружи многу повеќе од само прошетка по разни плажи. На етно турата ке разгледаме невидени атракции кои морате да ги посетите додека сте на летување на Кефалонија. ДРОГАТИ ПЕШТЕРАТА е еден од најпознатите локалитети на Кефалонија.

 

Крстарење до Закинтос

 

Крстарењето до Закинтос е излет кој ќе го направи вашето летување не заборавно. Можноста да се посети уште еден остров на ова патување е извонредна прилика која е и наша топла препорака. Во текот на ова полудневно крстарење ќе имате прилика да се избањате на најголемата и најубавата плажаNAVAJO и направите феноменални фотографгии од ова крстарење. Исто така ги посетуваме Blue Caves како и местото SV. NIKOLA, сето тоа со интересна приказна која ќе ја слушнете од локалниот водич за знаменитостите на Закинтос.

 

Чудесните плажи на Kефалонија

 

Кефалонија е сигурно остров со единствени плажи на целиот јонски архипелаг, а ние за вас ги одбравме најубавите да ги посетиме. SKALA / AMMOS BEACH BAR – е песочна плажа која е наградена со плаво знаменце за кристално чиста вода. Во Amos Beach Bar кој е дефинитивно најубав и најинтересен Beach Bar на целиот остров,овде ќе правиме дневни забави и игри без граници со најдобри коктели. ANTISAMOS – е скриена оаза на северо источниот дел на островот во близина на градот Самија. Опкружена со зимзелена шума, плажа со ситни каменчиња и проѕирната вода дава впечаток како да се бањате во природен аквариум, полн со шарени рибчиња, ова искуство неможете да го добиете на ниту еден друг остров. MIRTOS – дефинитивно кралица на овој остров, каде се снимени многу филмови и исто така се снимени сцени на филмот Мандолината на Каметанот Корелија со Николас Кејџ. Оваа плажа ја ставаат во топ 10 плажи во светот. Белите каменчиња и тиркизната вода ја покажуваат нејзината величенственост. Оваа плажа е со закон заштитена и во целост не комерцијализирана поради сочувување на нејзината убавина која допринесува посебен шмек на островот Кефалонија. KSI Плажа - е навистина посебна плажа која е крунисана со плавото знаменце која означува посебен квалитет и чистина на водата, која е не секојдневна во грчкото море. Она што оваа плажа ја прави посебна е невообичаената црвено- портокаловата боја на песокот која во комбинација со сината вода прави да се чувствувате феноменално и да уживате. *Плажите Миртос и Кси се посетуваат во еден ден. Предвидено е задржување на плажата Миртос од само еден час.

 

Журка на брод

 

Крстарење на отворено море со препознатливите звуци на еден од најлуксузните бродови кој е подготвен да исплови со патниците. Во текот на уживањето во пловењетопо Јонското море, сите заедно застануваме да се разладиме во кристално чистото море и да правиме разноразни креативни скокови во вода каде што нашите фотографи ќе направат слики за паметење. Ова е дефинитивно еден од најубавите факултативни излети кој не смеете да го пропуштите!