• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

ДУБРОВНИК, БУДВА и КОТОР (5)

30.12.2019 

 Поаѓање од пред агенција во 22 ч со туристички автобус, преку Албанија за Будва.


31.12.2019 

 Пристигнување во Будва во утринските часови, а потоа прошетка во стариот дел на Будва каде можат да се видат црквите Св. Иван, Св. Марија,... Сместување во студиа, апартмани. Слободно попладне. Вечерта дочек на Новата 2020 г. на плоштад, каде  за најлудата ноќ најавена е Балканската ѕвезда Здравко Чолиќ .... Ноќевање.


01.01.2020 

 Факултативно целодневен излет до Дубровник, преку Тиват со траект. Пристигнување во Дубровник и разгледување на стариот дел на градот: Плаца, Онофриевата чешма, Орландовиот столб, Градскиот звонарник, Палатата Спонза, цр. Св. Влах, Катедрала.... Враќање во Будва. Вечерта на плоштад ќе настапи една од најатрактивните музички звезди Цеца Ражњатович. Ноќевање.


02.01.2020 

Слободно предпладне или факултативен полудневен излет до Котор. Разгледување на стариот дел на Котор: Катедралата на св. Трипун, Столбот на срамот... Враќање во Будва. Попладнето поаѓање за Македонија, ноќно возење со попатни паузи.

Пристигнување во Македонија во доцните или ноќните часови.

 

Цена: 3.950 денари во студија и апартмани

            

 Во цената е вклучено:

- автобуски превоз на дадената релација

- 2 ноќевања во студија и апартмани во Будва (вила Шишевич, вила Краљ и др.)

- организација и придружник на патувањето

 

 Во цената не е вклучено:

- патничко здравствено осигурување - без франшиза - 150 ден

- целодневен излет до Дубровник - 10 €

- полудневен излет до Котор - 5 €

- влезници за културно историските споменици