• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

НОВА '20 - автобус

САРАЕВО (76)

Сараево  Мостар  Вишеград  Дрвенград

 

Може да се патува со лична карта

 

29.12.2019 Прв ден: Македонија – Сараево.

Поаѓање во вечерните часови од Македонија. Патуваме преку граничен премин Табановце, со ноќно возење низ Србија, Ниш, Крагујевац, Ужице со попатни паузи за одмор и гранични формалности.


30.12.2019 Втор ден: Сараево.

Пристигнување во Сараево во утринските часови. Разглед на градот со водич: Сарај, градската куќа, Латинска чуприја – местото на атентатот на Франц Фердинант, улицата Казанџилук со многубројните занаетчиски дуќани од периодот на Отоманското царство, одиме до пешачката зона каде е Катердалата Срце Христово, соборната црква Св. Тројца, Гази Хусрефбегова и Царевата џамија, Башчаршија, мостовите… Слободно време за прошетка низ Башчаршија. Смесување во хотел и краток одмор. Слободно време. Ноќевање.


31.12.2019Трет ден: Сараево – Мостар – Сараево.

Појадок. По појадокот предвидена факултативна посета на Мостар со попатна посета на срушениот мост од Втората Светска Војна познат како битката на Неретва. Продолжуваме кон Мостар, градот каде се сретнува северот со југот и западот со истокот, град во кој реката Неретва со векови ги дели културите и религиите, град во кој различностите и спротивностите можат да се видат и почувствуваат на секој агол. Разгледување на градот со локален туристички водич. Посета на: Стариот мост, улицата Кујунџилук со занаетчиските дуќани, Отоманските резиденции од XVI-XIX век итн. Во попладневните часови враќање кон Сараево. Слободно време. Ноќевање.


01.01.2020 Четврти ден: Сараево – Вишеград – Дрвенград – Кочани.

Појадок. По појадокот напуштање на хотелот. Посета на градот Вишеград со факултативно крстарење со брод на реката Дрина. Посета на симболот на градот, мостот изграден од Мехмед Паша Соколовиќ кој е под заштита на UNESCO и опишан во романот на Иво Андриќ „Мостот на Дрина“. Слободно време за индивидуални активности. Заминуваме кон Мокра Гора и посета на Дрвенград изграден по идеја на Емир Кустурица. Слободно време. Враќање кон Македонија со попатни паузи. Пристигнување во Македонија.

 

ЗА УПЛАТА ДО 15.11.2019

Цена: 5.520.00 денари


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

Aвтобуски превоз на дадената релација
Сместување во хотел со 3* на база 2 ноќевања со појадок во Сараево
http://www.hotelgrand.com
Разгледување на Сараево со локален водич
Придружник на групата

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

Здравствено патничко осигурување (задолжително)
Полудневен излет до Мостар и разглед – 10 евра
Крстарење по Дрина – 5 евра
Влезници за културно-историските споменици
Разглед и посета на Дрвенград

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата.
Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца.
Можност за избор на место во автобусот со доплата од 20 евра при уплата на аранжманот.

УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:

Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.
Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на Советот на Министри во ЕУ.
Пасошот мора да има важност минимум 6 месеци од датумот на завршувањето на аранжмано
Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14 часот. Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот.
Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето.
Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку нема доволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.