• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

VILA MEDITERAN (14)

                                                                                                                
Вила “MEDITERAN се наоѓа во близина на луна паркот во Неи Пори, во првиот ред до плажа. Располага со убаво уредени трокреветни студија и апартмани со една спална за 4 лица, со комплетно нови купатила и кујни. Во трокреветните студија има еден брачен кревет и еден петосед (погоден за 2 деца или едно возрасно лице). Во апартманите со една спална има еден брачен кревет во спалната и уште еден брачен кревет во кујната. Секое студио/апартман е комплетно опремено со: кујна со комплетен прибор за онолку лица према број на легла, фрижидер..., тоалет, балкон со масичка со столчиња (со поглед кон улицата од студијата и поглед на море од апартманите), клима, ТВ, гардеробер. Wi-Fi интернет - Бесплатен. Студијата и апартамните се на I кат.
                                                                                                  
15% попуст за целосна уплата до 01.01.20  |  10% попуст за целосна уплата до 01.02.20
   7% попуст за целосна уплата до 01.03.20  |     5% попуст за целосна уплата до 01.04.20

 

НАПОМЕНА

-  Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то лице во студио, 3-то и 4-то лице во апартман - БЕСПЛАТНО сместување;
-  Цените за 7 ноќи/8 дена со *, се дадени за наем на цело студио/апартман без вклучен превоз;
-  Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
-  При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
-  Во студио и апартман со една спална, плаќаат минимум 2 лица | 3-то лице во студио и 3-то и 4-то лице во АПТ со една спална се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз;
-  Во студио/апартман, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 7 години во кревет со двајца возрасни - БЕСПЛАТНО;
-  Поради генерално чистење на студијата/апартманите после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот;
-  Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;
-  Превоз од: Штип / Скопје / Куманово / Велес / Неготино / Струмица / Удово / Гевгелија;-  Автобусот ги остава/зема патниците пред вилата.
-  Wi-Fi интернет - БЕСПЛАТЕН!!-  Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и НE важат за првиот и последниот термин.

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

-  За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 10% попуст на вториот термин;
-  За аранжманите за 7 ноќи/8 дена (без *), при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
-  Доплата за туристичка такса - 0.50€ од соба од ноќ (се плаќа во самиот објект при сместување);
-  Доплата за клима - 5€ од ден;
-  Доплата за превоз: 35€ за возрасни / 25€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. - бесплатно (без седиште);
-  Доплата за патничко осигурување.