• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

VILA MARIA LUX (14)

 

Вила “Maria Lux ” се наоѓа во центарот на Ханиоти односно на почетокот на Плоштадот и нa oколу 150m oд плажа. Располага со 1/3 студио на ниско приземје и I кат  и 3+2 апартмани со 1 спална на II и III кат. Вилата е ново изградена во Октомври 2018 година со комплетно нов мебел, опремени со: кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла + аспиратор, фрижидер...), тоалет, крпи за лице и тело, клима (БЕСПЛАТНА), ТВ, како и бесплатен  интернет, гардеробер, сушара, широки балкони, масичка со столчиња со поглед напред на улицата, Плоштадот. Гостите кои ќе престојуваат оваа сезона ќе имаат чест да бидат први гости во вилата. 

 

15% попуст за уплата до 01.02.2019  |  10% попуст за уплата до 01.03.2019  |  5% попуст за уплата до 01.04.2019

 

 

НАПОМЕНА

-  Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то, 4-то и 5-то лице БЕСПЛАТНО сместување;

-  Цените за 7 ноќи/8 дена (со *), се дадени за наем на цело студио без вклучен превоз;

-  Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.

-  При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;

-  Во студио и апартман плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то и 5-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз

-  Во студио, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 7 години во кревет со двајца возрасни - БЕСПЛАТНО;

-  Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00, а се добиваат околу 14:00 часот (локално време);

-  Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;

-  Превоз од: Штип / Скопје / Куманово / Велес / Струмица / Удово / Гевгелија;-  Автобусот ги остава/зема патниците на околу 100m од вилата.

-  Клима и Wi-Fi интернет - БЕСПЛАТНО!!

 -  Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и НЕ важат за првиот и последниот термин.


ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

-  За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 10% попуст на вториот термин;

-  За аранжманите за 7 ноќи/8 дена (без *), при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице;

-  Доплата за туристичка такса - околу 0.50€ од соба од ноќ (се плаќа во самиот објект);

-  Доплата за превоз: 35€ за возрасни / 25€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. - бесплатно (без седиште);

-  Доплата за патничко осигурување.