VILLA OROSIMO (1)

 

Villa Orosimo e објект кој се наоѓа на аголот помеѓу централната улица во Пефкохори и пешачката улица, на која е оддалечен само околу двеста метри од градската плажа. Близината на сите градски содржини и дава безмалку неспоредлива локација во однос на останатите куќи во градот. Располага со мноштво убаво уредени студија, сите опремени со купатила, балкони,мини кујна, ТВ и клима уреди. Едноставно одличен обект за одмор во Пефкохори.

 

ПОСЕБНИ ПОНУДИ за термините: 17. и 24.Септември 2017
Пакет аранжман - 7 ноќевања со автобуски превоз од 57 €

 

КАСАНДРА ТОРОНЕОС наем ЈУНИ ЈУЛИ АВГУСТ СЕПТЕМВРИ
студио/апартмани термин 11 18 25 2 9 16 23 30 6 13 20 27 3 10
(7 ноќевања) ноќевања 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7
OROSIMO "B" (tv, ac) STD 1/2 (2 лица) 209 230 253 278 306 336 360 360 360 360 327 285 237 190
Пефкохори STD 1/3 (3 лица) 231 254 279 307 338 371 397 397 397 397 361 314 262 210

- Цените се однесуваат на наем на студио или апартман за 7 ноќевања (без превоз).
- Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1 EUR = 62 MKD).


 ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
- Во студијата и апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидeниот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години, во кревет со родител (по одобрение на домаќинот).
- Употребата на клима уред се доплатува во објектот (каде што е достапен).
- За уплата на две смени (7+7 ноќевања) одобруваме од 10% на втората смена.
- Доплата во ресторан: за полупансион (појадок и вечера) 9€-12€ , за оброк (ручек или вечера) 5€-9€  (информации во агенцијата).
- Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)
- Задолжително патничко осигурување (за лица до 65 год.)
-Доплата за превоз (за корисници на аранжмани): возрасни 35 € ; деца од 2 до 12 год. 25 €. 

 

 

ПРОГРАМА НА АРАНЖМАНОТ:

01.ден (недела)    СКОПЈЕ - КИЧЕВО - ХАЛКИДИКИ (Касандра)
Состанок на групата на паркингот спроти хотел “Holiday Inn” во 05:30 часот. Поаѓање за Грција во 06:00 часот наутро. Патот води преку граничниот премин Богородица-Евзони. По пристигнување во местото, сместување во објект по избор од програмата. Слободно попладне за одмор. Ноќевање.

од 02.ден (понеделник) до 07.ден (сабота)    ХАЛКИДИКИ (Касандра)
Денови за одмор и идивидуални активности. Престој во место и објект по избор од програмата, во студија и апартмани на база ноќевање. Комуникација со локалните претставници на агенцијата за евентуални факултативни излети и посети. Ноќевање.

08.ден (недела)      ХАЛКИДИКИ (Касандра) - СКОПЈЕ
Напуштање на собите до 09:00 часот. Во попладневните часови, заминување од местото на престој и патување кон Македонија. Пристигнување во Скопје, во вечерните часови.