• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

VILA SOULA (18)

ЈЕРИСОС е најубавото и најголемото туристичко место на третиот крак Атос.Има прекрасна долга песочна плажа  која во зеленило и бујна вегетација ве разладува и разгалува во летните месеци. Голема пешачка зона со многу паркови,игралишта,забавни паркови ,таверни, клубови во совршен спокој и мир е епитетот на заливот под Атос – Јерисос.Над самата плажа има аквариум бесплатен за посетителите,  супермаркети – Лидл,парфимерии и автентични грчки музеи.


Вилата “Сула“ е убава , стандардно опремена вила и се наоѓа на 50 метри од море . Секоја соба има кујна стандардно опремена со кујнски инвентар додека во апартманот и дуплексот има големи фрижидери и голем ел.шпорет со фурна.Секоја соба има стандардно купатило и вц.Секоја соба има клима уред и тв.Вилата има и безжичен интернет, тераси и голем двор со скара.

КОРИСТЕЊЕТО НА КЛИМА УРЕДОТ, WI-FI  Е БЕСПЛАТНО

ВИЛАТА ИМА ГОЛЕМ ПАРКИНГ , КОЈ ГО КОРИСТАТ ТУРИСТИТЕ НА ПРИНЦИП ПРВО СЛОБОДНО МЕСТО.ПАРКИНГОТ Е БЕСПЛАТЕН.


15% ПОПУСТ ЗА УПЛАТА ДО 15.12.2019 

 

 

ЦЕНИТЕ ЗА ТЕРМИНИТЕ (17.05; 24.05; 31.05; 07.06; 14.06; 30.08; 06.09;13.09 и 20.09)
ОЗНАЧЕНИ СО ЗВЕЗДИЧКА * ВО ТАБЕЛАТА СЕ  ПАКЕТ АРАНЖМАНИ И СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА 7 НОЌИ СО ВКЛУЧЕН АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ  

ОСТАНАТИТЕ  ЦЕНИ ЗА ДАДЕНИТЕ СМЕНИ СЕ ОДНЕСУВААТ ЗА НАЕМ НА АПАРТМАНИ  ЗА 7 НОЌИ
-За пакет аранжманот во студио или апартман потребни се минимум 2 лица;
-трето,четврто,петто или шесто лице се сместуваат бесплатно, доплаќаат само превоз доколку користат-35€ за возрасен или 25€ за дете од 02 – 12 години;
– дете до 02 години не плаќа(бесплатно) не користи седиште во автобус;
– за патување со сопствен превоз за пакет аранжманите се одбива 10€ по лице


ДОПЛАТА ЗА ПРЕВОЗ:

35 € за возрасни – повратна карта;

25€ за деца до 12 години – повратна карта;

Деца до 02 години бесплатно – не користи седиште

ДОПЛАТА ЗА ТРАНСФЕР ОД ПРИЛЕП/БИТОЛА – 10€

ДОПЛАТА ЗА ТРАНСФЕР ОД КИЧЕВО/ОХРИД/ТЕТОВО/ГОСТИВАР- 15€

 

Апартман бр.1

(1/2+1/2+2) – 4 лица +2
Апартманот располага со една спална, кујна и купатило со WC. Во спалната соба има еден дупол кревет и плакар за алишта. Во кујната има два поединечни кревети на спуштање на кој можат да спијат двајца возрасни и две деца овде има маса со столици, TV и клима уред Кујната е комплетно опремена со кујнски инвентар, голем електричен шпорет со рерна и голем фрижидер. Oд кујната се излегува на тераса на која има маса со столици и има поглед према море.

 

Апартман бр.2
(1/2+1/2+2) – 4 лица +2
Апартманот располага со една спална, кујна и купатило со WC. Во спалната соба има еден дупол кревет, плакар за алишта. Кујната е комплетно опремена со кујнски инвентар, голем електричен шпорет со рерна, голем фрижидер и клима уред. Во кујната има два поединечни кревети на спуштање на кој можат да спијат двајца возрасни и две деца овде има маса со столици, TV. Од апартманот се излегува на голема заедничка  тераса на која има маса со столици.

Студио бр.3
(1/2) – 2 лица
Студиото располага со еден дупол кревет, плакар за алишта, кујна, TV и клима уред, купатило со WC. Кујната е комплетно опремена со кујнски инвентар, решо и мал фрижидер. Од студиото се излегува на тераса со маса и столици

 

Студио бр.4
(1/2) – 2 лица
Студиото располага со еден дупол кревет, плакар за алишта, кујна, TV и клима уред, купатило со WC. Кујната е комплетно опремена со кујнски инвентар, решо и мал фрижидер. Од студиото се излегува на тераса со маса и столици.

Студио бр.5
(1/2) – 2 лица
Студиото располага со два поединечни кревети, плакар за алишта, кујна, TV и клима уред, купатило со WC. Кујната е комплетно опремена со кујнски инвентар, решо и мал фрижидер. Од студиото се излегува на тераса со маса и столици.

Студио бр.6
(1/2) – 2 лица
Студиото располага со еден дупол кревет, плакар за алишта, кујна, TV и клима уред, купатило со WC. Кујната е комплетно опремена со кујнски инвентар, решо и мал фрижидер. Студиото излегува на сопствено дворче со маса и столици.

НАПОМЕНИ:

ПРЕВОЗОТ ЗАСТАНУВА ДО НАЈБЛИСКАТА ЛОКАЦИЈА  ОД СМЕСТУВАЧКИОТ КАПАЦИТЕТ КАДЕ Е ВОЗМОЖНО ДА ЗАСТАНЕ;
ЦЕНИТЕ СЕ ДАДЕНИ ВО ЕВРА, А УПЛАТАТА Е ИСКЛУЧИВО ВО ДЕНАРСКА ПРОТИВВРЕДНОСТ (1€=62 ден.);
ЗА УПЛАТИ НА ДВА АРАНЖМАНИ 7+7 НОЌЕВАЊА ОДОБРУВАМЕ 10% ПОПУСТ НА ВТОРАТА СМЕНА;
КОГА ИМА АКЦИСКИ ПОПУСТ НА ВТОРАТА СМЕНА НЕ СЕ ОДОБРУВА ДОПОЛНИТЕЛЕН ПОПУСТ;
КОГА ИМА АКЦИСКИ ПОПУСТ ИЛИ КОГА ЕДНАТА СМЕНА Е СО ЗВЕЗДИЧКА НА ВТОРАТА СМЕНА НЕ СЕ ОДОБРУВА ДОПОЛНИТЕЛЕН ПОПУСТ;
ЗА ВАЖЕЧКА РЕЗЕРВАЦИЈА СЕ СМЕТА  САМО СО УПЛАТА НА 30% ОД ЦЕЛОСНАТА ВРЕДНОСТ НА АРАНЖМАНОТ;
ЦЕЛОСНА ДОПЛАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ДЕСЕТ ДЕНА ПРЕД ПОАЃАЊЕ;
ВО СЛУЧАЈ НА ВЕЌЕ УПЛАТЕНИ АРАНЖМАНИ СО ПОПУСТИ И РАНИ ЗАПИШУВАЊА,СРЕДСТВАТА НЕ СЕ ВРАЌААТ ДОКОЛКУ ПАТНИКОТ СЕ ОТКАЖЕ ОД ПАТУВАЊЕТО, ИСКЛУЧОК СЕ ПРАВИ(ПОВРАТОК НА СРЕДСТВА)  САМО,ДОКОЛКУ  ГОСТИНОТ САМ СИ НАЈДЕ ЗАМЕНА ЗА ВЕКЕ РЕЗЕРВИРАНАТА СОБА ;
ВО СЛУЧАЈ НА НАПРАВЕНА ПОГОЛЕМА ШТЕТА ВО СТУДИЈАТА И АПАРТМАНИТЕ, СОПСТВЕНИКОТ НА ВИЛАТА МОЖЕ ДА НАПЛАТИ НА ЛИЦЕ МСТО ЗА НАПРАВЕНАТА ШТЕТА;
АГЕНЦИЈАТА НЕМА ОДГОВОРНОСТ ЗА КВАЛИТЕТОТ И БРЗИНАТА НА ИНТЕРНЕТ КОНЕКЦИЈАТА;
ТУРИСТИЧКА ТАКСА СЕ ПЛАЌА ВО АГЕНЦИЈА 0,5 € ОД НОЌ ОД СОБА;
ЗА АПАРТМАНИТЕ 1€ ОД НОЌ ОД СОБА;

СТУДИЈАТА И АПАРТМАНИТЕ:

ИМААТ ПЕШКИРИ,САПУН , ТОАЛЕТНА ХАРТИЈА ;

ЗДРАВСТВЕНА ПРЕПОРАКА: 1,5  ЧАС ПОСЛЕ ЈАДЕЊЕ ДА НЕ СЕ ИНТЕНЗИВНО ПЛИВА

 

ДЕНОВИТЕ ДАДЕНИ ВО ТАБЕЛАТА СЕ ДЕНОВИ НА ТРГНУВАЊЕ ОД
Град Место на тргнување Време
Кичево пред Гимназија 01:00 часот наутро
Гостивар пред дом на културата 02:00 часот наутро
Тетово наспроти дом на културата(стара лименка) 02:30 часот наутро
Куманово Бензинска пумпа Макпетрол 02:45 часот наутро
Скопје Спроти Холидеј Ин 04:00 часот наутро
Велес Мотел Македонија 04:30 часот наутро
Прилеп Бензинска Лук Оил на влезот 04:15 часот наутро
Неготино Бензинска пумпа Макпетрол 05:00 часот наутро
Удово Бензинска пумпа Макпетрол 05:30 часот наутро
Гевгелија Бензинска пумпа Окта-Шимов 06:00 часот наутро
Штип Нова Пошта 04:00 часот наутро