VILA ANGELIKI 10 nokji (17)

 

Сарти е една од најпосакуваните дестинации на вториот крак Ситонија. Сместено во срцето на Халкидики, на јужниот дел на полуостровот свртено кон третиот крак Атос, Сарти еградот кое е во целост подреден на туристите. Изобилство продавници, слаткарници, пекари, кафетерии, ресторани, дискотеки ... Долга песочна плажа со уредено шеталиште исполнето со медитеранско зеленило и мноштво барови и таверни со морска храна...Прекрасни зајдисонца со неверојатни бои кои оставаат впечаток дека сте навистина во близина на боговите.

Во близина на Сарти се наоѓаат и неколку познати плажи кои се вбројуваат меѓу најубавите на Ситонија. На околу 6 километри се наоѓа плажата OrangeИма многу ситен песок, и плитка вода и преубава боја на морето. На само половина километар подалеку се наоѓа дивата плажа Mega Portokaliкоја има необично тиркизна боја на водата, а после неа е плажата Paradise.

 

Вилата „Angeliki“ се наоѓа стариот дел од градот, во непосредна близина на познатиот хотел Ostraco, на само 150 метри од плажата. Вилата има два шесткреветни дуплексапартмани на високо приземјеАпартманите се опремени со квалитетен мебел и кујни, телевизори, клима уред чие користење е вклучено во цената и сопствено купатило. Сите сместувачки капацитети имаат постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата е со бојлер, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

 

Напомена: Во апартманите дозволено е сместување на толку лица колку што има нормални кревети. Во заеднички кревет со возрасно лице невозможно е да се сместат деца без разлика на нивната возраст. Во апартманите постои можност да се стави помошен кревет чие користење се доплаќа на лице место кај сопствениците на вилата. 

 

 

 

 

Апартман бр:1

Шесткреветен апартман дуплекс на високо приземје кој има поглед на улицата и во дворот на вилата. Апартманот има три простории, од кои две се посебно издвоени спални соби со врати и посебна кујна што се наоѓа во средина меѓу двете соби. Во едната спална соба има еден дупли и еден единечен кревет, мебелтелевизор и климаОд собата се излегува на потесна тераса која е во должина на целиот апартман, опфаќајќи ја и втората спална соба. Терасата има поглед кон улицата и кон дворот на вилата и е опремена со пластична маса и столчиња. Во втората спална соба еден дупли и еден единечен кревет, мебелтелевизор и клима. Од оваа соба се излегува на истата долга тераса од две врати кои се заштитени со комарници. Во средината меѓу двете спални соби има комплетно опремена кујна во која има електрично решо, аспиратор, голем фрижидер со одделна комора и комплет садови за готвење и јадење. Апартманот има купатило со нормална големина и сопствен бојлер.

 

Апартман бр: 2

Шесткреветен апартман дуплекс на високо приземје кој има поглед во дворот на вилата. Апартманот е многу простран,има неколку посебни простории од кои две се издвоени спални соби со врати и посебна кујна. Кујната се наоѓа на самиот влез во апартманот, опремена е со мини шпорет со рерна, аспиратор, голем фрижидер со одделна комора и комплет садови за готвење и јадење. Во оваа просторија има трепезариска маса и столчиња. Вториот дел од апартманот е сосема издвоен со врата. Во тој дел е купатилото со нормална големина и со сопствен бојлер и две спални соби секоја издвоена со врата. Во едната спална соба има еден дупли кревет, мебел, телевизор и клима, а од собата се излегува на многу мала тераса. Втората спална соба има еден дупли и еден единечен кревет, мебел, телевизор и клима. Од оваа соба се излегува на терасата која е пространа, опремена е со пластични маси и столчиња и има поглед во дворот на вилата.


Напомени и услови:

Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио или апартман за 10 или 7 ноќевања без вклучен превоз  Во студијата и апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети    Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време При сместувањето влегувате во чисти соби , но за време на престојот сами се грижите за одржувањето на хигиената.По завршувањето на вашето летување, должни сте да го оставите студиото или апартманотво пристојна (чиста) состојба. Користењето на клима уредоте вклучено во цената. Сопственикот на вилата има право да реагира и да ја ускрати оваа услугадоколку го оставате апаратот да работи во времето додека сте на плажа или надвор од апартманот. Во случај на причинета штета за време на престојот, корисникот на апратманот ја надоместува штетата на сопственикотна вилата на лице место. Организаторот на патувањето го зарджува правото по пат на LAST MINUTE понуда да ги објави и продаде останатите слободни капацитетеи во одредена вила по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои предходно го уплатиле својот аранжман немаат право на надомест на средства но има разлика во цена. Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари! Организиран превоз Скопје-Кавадарци- Сарти Цена на повратен билет – 35 евра; деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра