VILA KAROLINA (17)

 

Vila Karolina се наоѓа на 300 метри од пристаништето и на 1 км од градската плажа (Gallikos Molos). Во непосредна близина на вилата има црква и супермаркет. Објектот има четирикреветни апартмани кои се наоѓаат во спуштено приземје (сутерен), на прв и на втор спрат. Сите апартмани се многу пространи, имаат дневна и спална соба. Во дневната соба има тросед на развлекување наменет за две возрасни лица и фотеља за седење. Во состав на дневната соба е чајната кујна наменета за подготовка на лесни оброци (голем фрижидер, мини електричен шпорет, садови за јадење) , маса за јадење и столчиња. Во спалната соба има два споени кревети со стандардна големина. Сите апартмани имаат TV, клима уред чие користење е вклучено во цената, WiFi со слаб сигнал, комарници. Во апартманите на приземје има можност да се додаде помошен кревет, така што може да се смести и петто лице. Апартманите на спрат се опремени со по два клима уреди, додека на приземје има само еден клима уред во дневната соба. Апартманите на приземје немаат тераса, но имаат простор за седење во дворот, додека сите апартмани на спратот имаат по две тераси опремени со гарнитури за седење. Пространиот двор им овозможува на гостите удобност, мир и тишина за време на престојот и одморот, а на располагање на гостите  им е скарата во дворот. Чистењето, како и менувањето на постелнината и крпите е на секои петти ден. Заради оддалеченоста на објектот од супермаркетот, доставата на производите се врши бесплатно до самата вила.

 

 


Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио или апартман за 10 ноќевања без вклучен превоз 

  Во студијата и апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети    Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време

При сместувањето влегувате во чисти соби , но за време на престојот сами се грижите за одржувањето на хигиената.

По завршувањето на вашето летување, должни сте да го оставите студиото или апартманотво пристојна (чиста) состојба. Во случај на причинета штета за време на престојот, корисникот на апратманот ја надоместува штетата на сопственикот на вилата на лице место.

  Организаторот на патувањето го зарджува правото по пат на LAST MINUTE понуда да ги објави и продаде останатите слободни капацитетеи во одредена вила по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот.

Лицата кои предходно го уплатиле својот аранжман немаат право на надомест на средства но има разлика во цена. Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс 62 денари!