• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

АРАНЖМАНИ СО АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ

ИСТАНБУЛ - КУШАДАСИ (6)

КУШАДАСИ - ЕФЕС - ИСТАНБУЛ

1 ден (среда – 23.10.2019): 

Состанок на групата и поаѓање за Турција во 08:00 часот.  Патување преку Грција – Кавала, Александрополис г.п. Ипсала. Денско и ноќен патување низ Турција.                                 

 

2 ден (четврток – 24.10.2019): ПАМУККАЛЕ – КУШАДАСИ  

Планирано пристигнување во Памуккале во претпладневните часови, природен феномен кој содржи содржи топли извори и травертини - тераси од карбонатни минерали направени од проточната вода... Слободно време за прошетка и разгледување на паркот. Во попладневните часови поаѓање за Кушадаси. Пристигнување во Кушадаси. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.

 

3 ден (петок – 25.10.2019): КУШАДАСИ – ЕФЕС – КУЌАТА НА БОГОРОДИЦА

Појадок. После појадокот факултативна посета на куќата на Мајката Божја каде што ги поминала последните години од својот живот. Посета на храмот меѓу чии остатоци се наоѓа гробот на Св. Јован Богослов. Посета на античкиот град Ефес со локален водич. Враќање во хотелот во Кушадаси. Вечера. Слободно време и можност за вечерна прошетка во центарот на Кушадаси. Ноќевање.

 

4 ден (сабота – 26.10.2019): КУШАДАСИ – ИСТАНБУЛ

Појадок. После појадокот одјавување од хотелот и поаѓање кон Истанбул. Денско патување со попатни паузи. Пристигнување во Истанбул во попладневните часови. Слободно време. Ноќевање.  

 

5 ден (недела – 27.10.2019): ИСТАНБУЛ

Појадок. После појадокот посета на храмот Св. Софија со стучен локален водич. Слободно време. Во попладневните часови, факултативна посета на азискиот дел на Истанбул – брегот на Ускудар со романтично зајдисонце кое ја отсликува силуетата на Истанбул, посета на легендарната Девојачка Кула и плоштадот Таксим. Во вечерните часови враќање во хотел. Ноќевање.  

 

6 ден (понеделник – 28.10.2019): ИСТАНБУЛ

Појадок. После појадокот посета со стручен локален водич на Цариградската Патријаршија, црквата Св. Никола, на храмот посветени на Пресвета Богородица - Влахерна, железната црква на Свети Стефан и на манастирот Живоносен Извор - Балаклија. Во попладневните часови поаѓање за Грција.

 

7 ден (вторник – 29.10.2019): СОЛУН 

Пристигнување во Солун во утринските часови. Посета на храмот Св. Великомаченик Димитрија и поклонение на неговите Свети Мошти и посета на храмот на Св. Григориј Богослов. Продолжување на патување кон Македонија. Пристигнување во попладневните часови. 

 

Цена на аранжманот: 220 €

(во денарска противвредност, курс 1€=61,8 денари)

 

Цената на аранжманот вклучува:

организиран превоз на горенаведената релација
2 ноќевања со појадок и вечера во хотел со 3* во Кушадаси
посета на Памуккале
билет за бродот преку Мраморно Море
2 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Истанбул
организација, водство и реализација на аранжманот

 

Цената на аранжманот не вклучува:

патничкото осигурување
влезница за Памуккале – 10€
посета на куќата на Богородица, гробот на Св. Јован Богослов, античкиот град Ефес со влезници и локален водич – 25€ по лице (мин. 30 лица)
влезница, водич и слушалки за Св. Софија – 16€ по лице (мин. 30 лица)
посета на Ускудар, Девојачката Кула и Таксим – 15€ по лице

 

Напомена:

За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.