• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

НОВА '20 - автобус

БУДВА (76)

СО НАЈГОЛЕМИТЕ БАЛКАНСКИ ЅВЕЗДИ ЗДРАВКО ЧОЛИЌ И ЦЕЦА

1 ден: 30.12.2019 год.:

Состанок на групата во 20:00 часот. Патот води преку Косово и Албанија по новиот автопат. Ноќно возење со попатни паузи.


2 ден: 31.12.2019 год.:

Пристигнување во Будва во путринските часови,( кафе-пауза за фотографирање и уживање во прекрасната панорама на Св. Стефан-едно од најмонденските остров-летувалишта на Јадранското море). Сместување во хотел / приватно сместување. Попладнето слободно време за прошетка по кејот на познатата Словенска плажа, со посета на стариот град, цитаделата, бројните кафулиња и ресторани. Вечерта дочек на Новата 2020 година пред платото на Стариот град со богата музичка програма и најголемата балканска ѕвезда ЗДРАВКО ЧОЛИЧ. Ноќевање.


3 ден: 01.01.202- год.:

Можност за целодневен факултативен излет до Дубровник преку Тиват со траект. индивидуална прошетка низ стариот дел на градот Дубровник: Страдун, Кнежев двор, Дубровачките градски зидини, статуата на Св.Влах-заштитникот на градот, Катедралата Вознесение на Дева Марија…Попладне враќање во Будва . “За оние кои истануваат во Будва, денот го поминуваат индивидуално. Уживање покрај море во предновогодишна атмосфера или на плоштадот со богата музичка програма и настап на Светлана Ражнатович – ЦЕЦА. Ноќевање.


4 ден: 02.01.2019 год.:

Одјавување од апартманите, слободно време до 13часот во Будва. Заминување кон Македонија со попатни одмори. Пристигнување во доцните вечерни часови.


ЗА УПЛАТА ДО 15.11.2019г.
59€ / 3 660 денари (2 ноќевања во 1/3 соба+превоз)
65€ / 4 030 денари (2 ноќевања во 1/2 соба +превоз)


ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

Автобуски превоз на дадената релација
2 ноќевања во вила апартмани во Будва
https://tophotels.ru/en/hotel/al43148
https://www.montenegro-sea.com/Budva/Apartmani-Zec-Budva
https://intercity.by/tours/hotel/chernogoriya/budva/residence-masha/
https://www.booking.com/hotel/me/apartments-siesta-budva.sr.html
Организација и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНO:

Патничко здравствено осигурување
Целодневен излет до Дубровник (15€)

МОЖЕ ДА СЕ ПАТУВА И САМО СО ЛИЧНА КАРТА

ПОПУСТ за деца: попуст се добива кога детето е придружувано од двајца возрасни лица.

Сите лица постари од 10 години се сметаат за возрасни лица.

Дете од 02-10 години во 1/3 соба – 30% попуст


НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС и РАСПОРЕД ПО ВИЛИ:

Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата.
Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца.
Можност за избор на место во автобусот со доплата од 20 евра при уплата на аранжманот.
Организаторот го прави распоредот откако ќе бидат пополнети сите капацитети пред тргнување согласно структурата на собите со кои располагаат апартманите/вилите и распоредот во автобусите.

УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:

Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.Т.а. Меридијан го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешно пријавени податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски службиСите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на Советот на Министри во ЕУ.Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.Во хотелите/апартманите се влегува на првиот ден од престојот од 14 часот.Организаторот не може да влијае на сместувањет.Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето.Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на хотелот/апартманот ја надоместува штетата на на лице место.Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку нема доволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.Факултативните излети се уплатуваат првиот ден од патувањето како би можеле истите технички да се реализираат!Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 7дена пред поаѓање.Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи ,за секое лице потребен е поединечен пасош со минимум важност 6 месеци од денот на враќање и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. Меридијан и на самата агенција.Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.