• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

ИСТАНБУЛ (5)

Истанбул е единствен град во светот сместен на два континента Европа и Азија,чија историја започнува пред 2600 години. Истанбул ги чува скапоцените богатства на трите империи на кои некогаш им бил главен град. Тоа е голем космополитски центар каде што се спојуваат исток и запад.

 

1 ден 

 Поаѓање на групата во 18 ч, преку Грција, ноќно возење со попатни одмори.


2 ден 

Пристигнување во Истанбул во утринските часови, сместување во хотел во центарот на Истанбул. Слободно време за одмор и шопинг во Капали и Аксарај Чаршија. Нокевање.


3 ден 

 Појадок. Организирано панорамско разгледување на градот со локален  водич: хиподромот, Султанахмедовата (Сината) џамија, Патријаршијата, мостот Галата, споменикот на Ататурк на плоштадот Таксим, мостовите на Босфорот - посета на Азискиот дел - Чамлиџе за панорамски поглед на Истанбул, Римскиот аквадукт, Аја Софија и Топкапи музејот.Слободно попладне. Факултативна вечера во национален ресторан со ориентална програма и мени на турската кујна. Ноќевање.


4 ден 

 Појадок. Факултативно крстарење со брод по Босфорот, како и факултативна посета на дворецот Долмабахче Сарај - последна резиденција на Отоманската Империја.. Посета на трговскиот шопинг центар ФОРУМ и поаѓање за Македонија преку Грција, ноќно  возење со попатни одмори.


5 ден 

 Пристигнување во Македонија  во раните утрински часови.

 

ЦЕНА: 5.600 денари


Во цената е пресметано:
 - автобуски превоз на дадената релација
- 2 Н/П во хотел со 3* во Истанбул 
- разгледување на Истанбул со локален водич 
- организација и придружник на патувањето   


Во цената не е пресметано:

- патничко здравствено осигурување - задолжително - (200 денари)
 - крстарење со брод по Босфорот -  (15 евра)
 - факултативна вечера во национален ресторан  со програма - (20 евра)
 - факултативна посета на палатата Долма Бахче со водич - (25 евра)
 - влезници за други културно историските споменици      

За реализација на програмата потребен е минимум од 40 патници.
: Краен рок на пријавување до 05.10.19
Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.