Max Holidays App/Hotel -10 ноќи сопствен превоз (53)

20% ПОПУСТ ЗА КОМПЛЕТНА УПЛАТА СО РЕЗЕРВАЦИЈА ДО 12.05.2023

СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА – 21.05 – 05.06.2023 (15 НОЌЕВАЊА) 1/4 STUDIO PLUS = 300 ЕУР


 

Се наоѓа во централниот дел на Олимпик Бич, на паралелната улица со пешачката зона, на 120 м оддалеченост од плажата. Куќата е потполно реновирана во 2013 година. Студијата и апартманите се комплетно опремени. На приземјето се наоѓа бар со салон и рецепција. Има и двор со гарнитура за седење. Преку улица е маркетот Mytikas, а во непосредна близина на куќата има многу таверни, пицерии, кафулиња.. Куќата ја препорачуваме на семејства и големи друштва. Тип на сместување: 1/2 студио: во една просторија чајна кујна и два единечни кревети или еден брачен кревет / 1/3 студио: во една просторија чајна кујна еден единечен кревет и еден брачен кревет / 1/4 студио: во една просторија чајна кујна, два единечни кревети или еден брачен кревет и уште еден брачен кревет / 1/5 апартман: во една просторија чајна кујна, еден единечен кревет и еден брачен кревет и во другата просторија еден брачен кревет / 1/6 апартман: во едната просторија чајна кујна, два единечни кревети и еден брачен кревет и во другата просторија еден брачен кревет. Сите сместувачки единици се опремени со: чајна кујна со садови и прибор, фрижидер, тераса и гарнитура за седење на терасата, клима, купатило, LCD TV, WI-FI.

 
 

 

  • Услови за деца во студио/ апартман • две деца до 10 г. Можат да користат еден кревет. Дете 0-3 г може да престојува без сопствен кревет.
  • Користење на климата се доплаќа 3 еур на ден

  • Бесплатен WI-FI: АГЕНЦИЈАТА НЕ МОЖЕ ДА ЈА ГАРАНТИРА БРЗИНАТА НА ИНТЕРНЕТОТ И НЕ Е ОДГОВОРНА ВО СЛУЧАЈ НА СЛАБ СИГНАЛ И СНЕМУВАЊЕ НА ИНТЕРНЕТ ЗАРАДИ ТЕХНИЧКИТЕ ПРОБЛЕМИ НА ГРЧКИТЕ ОПЕРАТОРИ.

Tаксата за престој во висина од 0,5 ЕУР на ден по сместувачка единица (студио/апартман/дуплекс) се плаќа на лице место (на денот на влез во објектот)!

За валидна резервација без попуст е потребна уплата од мин. 40% од вкупната сума, во денарска противвредност по курс 1 еур = 62 ден. Останатиот дел се доплаќа најдоцна 30 дена пред поаѓање.