• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

ЈАДРАН - Фестивал на мимози (23)

 

 Игало - Херцег Нови - Будва - Тиват - Дубровник - Котор

 

1 Ден, 12 Март:  СВЕТИ СТЕФАН 

 Состанок на групата во 22.00 часот. Поаѓање за Будва во 22.30 часот.Се патува преку гр.премин Блаце, Приштина, Тирана, Подгорица  со попатни паузи поради одмор и царински формалности.

Ноќно возење.

 

2 Ден 13 Март:  СВЕТИ СТЕФАН - БУДВА – ТИВАТ – ИГАЛО

Во утринските часови пристигнуваме на Јадранската обала. Првиот впечаток е со панорамска глетка на монденското острово Свети Стефан. Продолжуваме кон Будва. Прошетка покрај обалата и низ стариот град. Можност за одмор покрај самото море. Патувањето го продолжуваме кон Тиват. Прошетка покрај стариот град  и монденското пристаниште  Порто Монтенегро.  Продолжуваме со траект преку Бока Которскиот залив. Пристигнување воИгало во попладневните часови. Сместување во луксузниот хотелPALMON BAY RESORT & SPA 4*. Слободно попладне за прошетки и запознавање со местото, како и користење на содржините на хотелот: Базен со лековита минерална вода по што спа центарот “Palmon Bay” е единствен и препознатлив. Спа центарот е на површина од 500 м2. Капењето во базенот го враќа балансот на природните минерали и соли на телото. Може да уживате и во парната бања, финската сауна, инфраред сауната, хидромасажна када, солена соба  и центарот за масажа . Во приквечерните часови можност да се посети прочуената Вила ГАЛЕБ на ТИТО, градена 1976г. Се посетуваат просториите во кои Тито со своите соработници ги одржувал состаноците и гледал филмови. Се посетуваат и апартманите на неговите блиски соработници како и неговиот и апартманот на неговата сопруга. (Влез во 18.00 и 19.15. Влезница 3 евра)  Вечера *Ноќевање.

 

3 Ден 14 Март: ИГАЛО/ХЕРЦЕГ НОВИ

Појадок. Предпладне одиме на факултативно панорамско разгледување на Херцег Нови (со локален водич), стар повеќе од 600 год.  Поради многуте сончеви денови го има добиено називот“Град на сонцето“. Градна мимозите и прекрасен стар град со калдрмисани улички, стара тврдина Forte Mare, Kanli kula  (“кравава кула“) од времето на Османлиите, плоштадот  Белависта со црквата на Свети Архангел Михаил, Саат кулата подигната по наредба на Султан Махмуд во 17 в. Низ пролазот на Саат кулата се наоѓа се наоѓа скулптура на Света Марија наречена Црна Богородица бидејки е работена од нагорено дрво. Тука е и тврдината Шпањола, изградена во 16 век од Шпанците а покасно Турците обновиле. Изградена на 170 м.н.в. со прекрасен поглед на Бока Которскиот залив. Враќање во Игало, некогаш најелитниот Спа центар во Југославија. Слободно попладне за следење на меѓународната Карневалска поворка во Херцег Нови по повод Празникот на Мимози. Во вечерните часови ќе го следиме концертот на отворено на мега звездата Жељко Јоксимовиќ , во Игало.  Вечера *Ноќевање.

 

4 Ден 15 Март: ИГАЛО – ДУБРОВНИК – КОТОР 

Појадок. Го напуштаме хотелот. Слободен ден. Предлагаме целодневна посета на Дубровник, мега популарен град особено после снимањето на дел од серијалот Games of Thrones. Разгледување на стариот дел на градот со локален водич, пешачка тура : најпознатото шеталиште СТРАДУН, градските зидини, градското пристаниште, многу стари палати и споменици. Слободно време за индивидуални прошетки.

Во попладневните часови тргнуваме кон  КОТОР:  Прошетка низ стариот дел на градот , денеска под заштита на Унеско.

Град кој е опколен со моќни зидини од времето на Венецијанската окупација во 15 в. Слободно време за индивидуални прошетки.

Во вечерните часови тргнуваме за Македонија. Се патува покрај Будва, Петровец на море, Подгорица, Тирана, Приштина. Ноќно возење.


5 Ден 16 Март:   

Пристигнување во раните утрински часови.

 

EARLY BOOKING: ЗА УПЛАТА ДО 15.01.2020: 6150 денари

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  7.500 денари

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

- Високо туристички автобус  на наведената релација,

со авионски седишта и појаси

- Сместување на база  2 ноќевања со појадок во хотел


  PALMON BAY RESORT & SPA 4    https://www.palmonbayspa.com/ 

- Користење на  Спа центарот во хотелот

- Посета и прошетка низ Будва,Тиват, Котор  

- Организација на аранжманот и туристички пратител на групата од агенција  


ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

* Доплата за ПОЛУПАНСИОН ( 2 вечери ): 750 ден, наша препорака.      Резервација и уплата во агенција.

- Доплата за еднокреветна соба   2100 ден

- Задолжително патничко и здравствено осигурување 175 ден.

- Влезници за културно историските споменици

- Целодневен излет Дубровник со локален водич, автобус: 20 евра

- Разгледување на Херцег Нови  со локален водич, автобус: 10 евра

- Туристичка такса 250 ден, се плаќа во агенција

- Масажата  во Спа центарот е со посебна доплата.

 

НАПОМЕНИ:

* За реализација на ова патување, потребен е минимум од 40 патници.

* Плаќањето се врши исклучиво според денарската цена 

* За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање

* Останатите услови на патување важат според годишниот програм на Т.А.Меридијан.