Serenity Makadi Beach ***** (3)

 

ЦЕНИТЕ СЕ ВАЛИДНИ ЗАКЛУЧНО СО  30. 04. 2019

Serenity Makadi Beach 5*, Makady Bay

Локација: Овој голем ресорт опфаќа 400.000м2, опкружен е со зелена градина и се наоѓа на самиот брег на Црвено Море, на приватна плажа со понтонски мост а еден дел од плажата има песочен влез во море. Хотелот е изграден во Марокански стил, во заливот Макади, оддалечен од центарот на Хургада 40км. а од аеродромот 36км.
Соби: Хотелот има 714 соби и апартмани. Сите соби се просторни со удобен мебел, со купатило со фен, САТ ТВ, телефон, клима уред, сеф, мини бар и балкон или тераса.
Содржини: Покрај главниот ресторан на гостите им се на располагање уште 7 ресторани, Либански, Италиојански, Кинески, Суши, Рибен, ресторан покрај базен, бар покрај базен, бар на плажа, снек бар, бар во лоби, дискотека. Во хотелот има и продавници, апотека, банкомат, менувачница, салон за убавина, театар, интернет центар…
Спорт и забава: Освен 5те надворешни базени кои се простираат на површина од 4000м2 за возрасни и за деца ( 2 со морска вода )на гостите им се на располагање и Пинг понг, теретана, мини голф, 3 тениски терени, терен за фудбал и одбојка, пикадо, нуркачки центар и спортови на вода. Во склоп на СПА центарот има простории за масажа. сауна, турска бања и џакузи. Професионален аниматорски тим организира дневна и вечерна забава како за за возрасни така и за деца.

 

НОЌЕВАЊА 6 6 6 6 6 6 6 6 6 6 6 6 6 6 6 6 6 6 6 6 6 6 6 6
ТЕРМИН ОД: ’17.06 ’24.06 ’01.07 ’08.07 ’15.07 ’19.07 ’22.07 ’26.07 ’29.07 ’02.08 ’05.08 ’09.08 ’12.08 ’16.08 ’19.08 ’23.08 ’26.08 ’30.08 ’02.09 ’06.09 ’09.09 ’13.09 ’16.09 ’23.09
STANDARD ROOM & ALL INCLUSIVE
Цена по лице во двокреветна соба 489 489 549 549 549 549 549 549 549 549 549 549 549 549 549 549 549 509 489 489 489 489 489 489
»Прво дете 2-6.99 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219
»Прво дете 7-13.99 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219
Цена за еднокреветна соба 629 629 719 719 719 719 719 719 719 719 719 719 719 719 719 719 719 659 629 629 629 629 629 629
»Прво дете 2-6.99 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219
»Прво дете 7-13.99 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219 219
Трет возрасен 459 459 519 519 519 519 519 519 519 519 519 519 519 519 519 519 519 479 459 459 459 459 459 459
НОЌЕВАЊА 10 10 9 10 9 10 9 10 9 10 9 10 9 10 9 10 9 10 9 9
ТЕРМИН ОД: ’08.07 ’15.07 ’19.07 ’22.07 ’26.07 ’29.07 ’02.08 ’05.08 ’09.08 ’12.08 ’16.08 ’19.08 ’23.08 ’26.08 ’30.08 ’02.09 ’06.09 ’09.09 ’13.09 ’20.09
STANDARD ROOM & ALL INCLUSIVE
Цена по лице во двокреветна соба 789 789 729 789 729 789 729 789 729 789 729 789 729 749 669 689 649 689 649 649
»Прво дете 2-6.99 235 235 235 235 235 235 235 235 235 235 235 235 235 235 235 235 235 235 235 235
»Прво дете 7-13.99 235 235 235 235 235 235 235 235 235 235 235 235 235 235 235 235 235 235 235 235
Цена за еднокреветна соба 1.059 1.059 979 1.059 979 1.059 979 1.059 979 1.059 979 1.059 979 999 879 909 849 909 849 849
»Прво дете 2-6.99 235 235 235 235 235 235 235 235 235 235 235 235 235 235 235 235 235 235 235 235
»Прво дете 7-13.99 235 235 235 235 235 235 235 235 235 235 235 235 235 235 235 235 235 235 235 235
Трет возрасен 729 729 699 729 699 729 699 729 699 729 699 729 699 689 609 629 589 629 589 589

01. ден    СКОПЈЕ – ХУРГАДА
Состанок на групата на аеродромот во Скопје 2 часа пред предвиденото време за лет. Директен лет за Хургада. Пристигнување на аеродромот во Хургада во утринските часови. Средба со претставниците на агенцијата и трансфер со автобус до резервираниот хотел. Доколку има можност за утринско превземање на собите, сместувањето ќе биде по пристигнување во хотелот, доколку нема, багажот се остава на рецепција, а се користат услугите наведени во ваучерот. Собите се превземаат по 14:00 часот.

од 01. до 13. ден     ХУРГАДА 
Денови за одмор и уживање во убавините на Црвеното Море со престој во хотели (со услуги по сопствен избор од каталогот) лоцирани во туристичките хотелски зони на Хургада. Можност за факултативни екскурзии во организација на локалната партнер агенцијата (крстарење со брод; нуркање; пустинско сафари; посета на Луксор и / или Каиро, итн…).


14.  ден    ХУРГАДА – СКОПЈЕ
Напуштање на собите до 12:00 часот, или поинаку доколку хотелските правила го наложуваат тоа. Багажот се остава на рецепција и се користат услугите наведени во ваучерот. (За дневно користење на собите до времето за трансфер, доколку има можност, може да се доплати на рецепција) Слободно време за индивидуални активности до заминување на аеродромот во Хургада во вечерните часови. Предавање на багажот на аеродромот, два часа пред полетување. Директен лет за Скопје. Пристигнување во Скопје (наредниот ден)во раните утрински часови, или според претходно најавеното време.

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА
* 13 ноќевања на база наведената услуга.
* Авионска карта на релација Скопје – Хургада – Скопје со можност за чекиран багаж
* Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром во Хургада
* Организација на аранжманот

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА
* Аеродромски и административни такси во износ од 80еур
* Патничко здравствено осигурување
* Влезна виза за Египет – за МК пасоши се добива на лице место по пристигнување, потребни се 25усд, хотелска резервација и пасош со важност од минимум 6месеци.
* Факултативни екскурзии и други индивидуални трошоци.

За резервација потребна е нерефундабилна уплата од 30% од вкупната цена, а до завршување на валидноста на актуелните ценовници треба да се затвори мин 50% од износот. Целосна доплата на аранжманот најдоцна 15 дена пред почетокот на аранжманските услуги.

Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња во табелите се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот.

 

ЗАБЕЛЕШКИ:

Попустите за ран букинг (“Early Booking”) имаат валидност за резервации направени до и заклучно со датумот означен во табуларните ценовници. Истите не може да бидат комбинирани со други попусти и промоции. ЗА ПРОЦЕСИРАЊЕ РЕЗЕРВАЦИЈА ПОТРЕБНА Е УПЛАТА ОД МИН. 30% ОД ВКУПНАТА СУМА НА АРАНЖМАНОТ со доплата од најмалку 50% од вкупната цена на аранжманот до датумот на завршување на Early Booking попустот, освен ако не е наведено поинаку. Сите резервации направени по предвидените датуми за рано букирање ке бидат наплатени по редовни, или ревидирани услови и цени актуелни во периодот на резервирање. Промени во резервации направени во предрезервацискиот период не се дозволени и истите се предмет на барање и одобрување. Во случај на промена на веќе потврдена резервацијка (имиња/број на патници, хотел, термин, итн) цената на програмата ќе биде калкулирана редовно, без попустот за рано букирање, односно според цените актуелни во периодот кога се врши промената. Целосна доплата на аранжман резервиран во “Early Booking” период може да се разликува од стандардниот рок дефиниран погоре (14 дена пред поаѓање).

* Доколку не се оствари минималниот број на патници,организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излети. 
* Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на монетарниот пазар или промена на цените на сместувањето или на превозот, да ја промени и цената на аранжманот или да воведе задолжителна доплата. 
* Краен рок за отказ на аранжманот од страна на организаторот е 7 дена пред патувањето. 
* Цените се однесуваат за сместување во стандардни соби. Поглед на море / базен / град… организаторот не може да гарантира, со исклучок во случаи кога постои доплата со која патникот си обезбедува поглед специфициран во ценовникот.
* Категоризацијата на хотелите е врз основа на категориите во договорот помеѓу организаторот на патувањето и локалниот партнер. Во случај на ненајавена промена организаторот не сноси одговорност. Видот и квалитетот на храната зависат од категоријата на хотелот и организаторот нема влијание на истата. Распределбата на соби во хотелот врши исклучиво рецепцијата по пристигнување во хотелот. Организаторот не може да влијае на спратот, позицијата на собата или големината на креветите, освен во случај кога се однапред дефинирани / објавени, или има доплата за истите.  
* Помошните кревети се речиси секогаш со помали димензии од стандардните кревети. Некои од хотелите не нудат можност за дополнителен лежај/кревет (најчесто кога децата имаат бесплатно сместување), и во истите децата го делат лежајот со возрасните патници.
* За сместувањето на патниците задолжен е придружникот / представникот на групата. Еден хотелски ден како и услугите во истиот се смета од 14:00 час од денот на важоста на аранжманот, најдоцна до 12:00 часот на пладне на последниот ден на аранжманот, без разлика кога (во зависност од саатниците на летот, на кои организаторот не може да влијае) гостинот ќе влезе / излезе од хотелот. Секое користење на собите и услугите во хотелот, првиот ден пред 14:00 час / последниот ден по 12:00 час се подлежни на дополнителни трошоци кои ги наплаќа хотелот. За периодот од напуштањето на собите до моментот за трансфер до аеродром, секогаш се обезбедува простор за складирање на багажот.  
* Организаторот го задржува правото на промени во програмата кои се однесуваат на распоредот на одредени содржини поради објективни околности. 
* ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.