• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

РИМ со поаѓање од Кичево (6)

 

1 ден (22.10.2019 – вторник): КИЧЕВО

Состанок на групата во 15.00 часот. Поаѓање за Италија преку Драч или Игуменица во 15.30 часот. Денско и ноќно патување со кратки попатни одмори. Пристигнување во Драч или Игуменица и сместување на траект. Планирано поаѓање за Бари околу 22.00 часот. Ноќна пловидба.

 

2 ден (23.10.2019 – среда): БАРИ – РИМ

Пристигнување во Бари во утринските часови. Продолжување на патувањето кон Рим и пристигнување во попладневните часови. Сместување во хотел. Кратко време за одмор. Во вечерните часови можност за ноќна прошетка низ Рим. Враќање во хотелот во доцните вечерни часови. Ноќевање.

 

3 ден (24.10.2019 – четврток): РИМ – ВАТИКАН

Појадок. По појадокот – упатување кон црквата Сан Клементе каде се наоѓа гробот на Св. Кирил. Можност за посета на Светите Скали во близина на црквата Свети Јован Лутерански. Продолжување на разгледот на Рим: Колосеумот, Римскиот Форум (стариот град), Форумот на Цар Трајан, Кампидолио, Пјаца Венеција, Виа дел Корзо, Фонтана ди Треви… слбодно време за шопинг и прошетки во срцето на Рим. Во вечерните часови враќање во хотелот. Ноќевање.

 

4 ден (25.10.2019 – петок): РИМ

Појадок. После појадокот организиран разглед на Ватикан и Рим со стручен водич. Факултативна посета на Ватиканските музеи и Сикстинската капела. Разгледот продолжува со посета на базиликата „Св.Петар“, Кастел Сан Анџело, Пантеонот (Храмот на сите богови), Пјаца Навона, Шпанските скали... Во вечерните часови враќање во хотел. Ноќевање.

 

5 ден (26.10.2019 – сабота): РИМ – БАРИ

Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот и заминување за Бари. Пристигнување во Бари и трансфер на брод. Планирано поаѓање за Игуменица или Драч околу 19:00 часот. Ноќна пловидба.  

 

6 ден (27.10.2019 – недела): КИЧЕВО

Во утринските часови патувањето продолжува кон Кичево. Пристигнување во Кичево во пладневните часови.

 

Цена на аранжманот: 12.740,00 денари

-          Доплата за еднокреветна соба: 30% од износот на аранжманот

 

Цената на аранжманот вклучува:

Автобуски превоз на горенаведената релација

3 ноќевања со појадок во Рим во хотел со 3*

разглед на Рим со стручен водичпосета на Сан Клементе и гробот на Св. Кирилбродски превоз (дек-седишта) на релација Драч или Игуменица – Бари и обратно

организација, водство и реализација на аранжманот

 

Цената на аранжманот не вклучува:

Влезници и водич за Ватиканските музеи и Сикстинската Капела – 40€ по лице (задолжителна резервација и уплата при резервација на аранжманот)

Билетите за метро во Рим (1,5€ по лице од правец)

Донација за црквата при посета на Светите скали

Доплата за бродска кабина (не е задолжително)

Задолжителна туристичка такса 2-3€ по лице, од ноќ (се плаќа во хотел)

Патничко осигурување

 

Напомена:

За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.