VILA LAKIS (17)

 

Vila Lakis  се наоѓа на 100 метри од морето и неколку минути пешачење до центарот на Полихроно. Реновирана е за сезоната 2017 кога ќе ги пречека првите гости. Има дванаесет трокреветни и четирикреветни студија, модерно и луксузно опремени кои се наоѓаат на првиот и на вториот спрат од објектот. Сите студија имаат комплетно опремена кујна, купатило, клима вклучена во цената, SAT TV, WiFi (со слаб сигнал). Постелнината и крпите се менуваат на секој петти ден, а чистењето е на денот на смената. Вилата има паркинг во дворот, скара, туш, дел за детски игри, како и просторија за оставање на багажот на последниот ден од одморот.  

 

 

Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио или апартман за 10 ноќевања без вклучен превоз  Во студијата и апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети    Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време При сместувањето влегувате во чисти соби , но за време на престојот сами се грижите за одржувањето на хигиената.По завршувањето на вашето летување, должни сте да го оставите студиото или апартманотво пристојна (чиста) состојба. Во случај на причинета штета за време на престојот, корисникот на апратманот ја надоместува штетата на сопственикот на вилата на лице место. Организаторот на патувањето го зарджува правото по пат на LAST MINUTE понуда да ги објави и продаде останатите слободни капацитетеи во одредена вила по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои предходно го уплатиле својот аранжман немаат право на надомест на средства но има разлика во цена. Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс 62 денари!

 

Килимата е клучена во цената !


Легенда:

1/2 стд.- двокреветно студио

1/3 стд.- трокреветно студио

1/4 стд - четворокреветно студио