• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

СОРЕНТО (23)

 

Неапол- Помпеа-Везув- Капри-Поситано-Амалфи

 

Дополнителни  10% ПОПУСТ  за првите 10 уплати до 30 Ноември !!!

 

Термин 06 Март

1 ден  06.03.2020 СКОПЈЕ – Драч

Состанок со групата и поаѓање за Драч во 10:00 часот на паркингот на спортски центар Борис Трајковски. Патувањето води преку граничниот премин Ќафасан...  пристигање во Драч во вечерните часови. Во 23:00ч со брод заминување од  Драч за Бари. Ноќна пловидба.


2 ден  07.03.2020  Бари-Неапол- Соренто

Пристигнување во Бари во раните утрински часови. Патот продолжува за Соренто со попатна посета на Неапол. Пристигање во Неапол. Разглед на историскиот дел на градот кој е под заштита на УНЕСКО трговската улица Умберто,средновековниот замок, Кралската Палата, градската катедрала. Во попладневните часови се продолжува кон Соренто.Пристигање  и сместување во хотел. Слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.


3 ден  08.03.2020 КАПРИ-ПОСИТАНО-АМАЛФИ

Појадок. После појадокот следи  излет  со брод  до монденското летувалиште Капри. Разглед на градот: Плавата пештера, малата марина-Marina Piccol. Слободно време за индивидуални прошетки . Враќање во Соренто и посета на  Амалфи и Поситано. Во попладневните часови враќање во Соренто. Слободно време.Ноќевање.

4 ден  09.03.2020 Соренто - Помпеја - Везув- Соренто

Појадок. После појадокот следи факултативна посета на античкиот град Помпеја кој е потопен со вулканска лава и целосно уништен од последната ерупција на вулканот Везув. Денеска поголем дел од  античкиот град е откриен, a бројните куќи , фонтани, театри, јавни бањи сведочат за средновековниот живот во истиот.По Помпеја се посетува вулканот  Везув. Во попладневните часови по предвиденото време за посета на Националниот парк Везув и кратерот на истоимениот вулкан враќање во хотел. Вечера.Ноќевање. ( Напомена: редоследот на активностите за овој ден може да биде сменет во зависнот од работното време на локалитетите).


5 ден  10.03.2020 Соренто – Бари – Драч 

Појадок. По појадокот напуштање на собите и заминување кон Бари. Пристигнување во Бари и слободно време за индивидуални активности. Во вечерните часови пловидба кон Драч.


6 ден  11.03.2020 Драч 

Во утринските часови пристигнување на пристаништето во Бари. По извршената царинска контрола патувањето продолжува кон Македонија. Пристигнување во попладневните часови.

 

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА УПЛАТИ ДО 31.01: 299€/ 18.540 ден.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 329€/ 20.400 ден.

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

Превоз со високотуристички автобус

Карта за траект (седиште на дек): Драч – Бари – Драч:Доплата за  кабина со тоалет: 30 Еур по лице

3 Ноќевање со појадок во хотел со 3*  во Соренто

Разгледи според програмата на : Соренто и  Неапол

Организација, реализација и придружник на патувањето

Организиран трансфер од Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес

 

   * Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

Превоз и влезници за  Помпеја и Везув – 65 Еур

Факултативна посет на Капри, Амалфи и Позитано – 115 Еур

Доплата за  кабина со тоалет: 30 Еур по лице

Туристичка такса  (3-5€ по лице на ден) се плаќа на рецепција

Патничко осигурување.

 

НАПОМЕНИ:

 За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници. 

Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари 

За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање 

Попустите не се комбинираат 

 Останатите услови на патување важат според годишниот програм на Т.А.Меридијан

Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.

Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди време  и место на поаѓање.