VILA TEO (24)

 

Островот Крф е еден од најубавите острови, лоциран на најсеверниот дел на Јонскиот архипелаг и е втор по големина остров во Јонското море. Островот претставува мозаик на историјата, склоп од различните цивилизации и нации, како и периоди на владеење на  Византијци, Римјани, Французи, Руси, Англичани, па се до Италијанци и Германци во поновата историја.

 

Во нашата понуда за лето 2018, ја имаме вилата Тео, која се наоѓа на 130 метри од плажата и вилата Статис, која се наоѓа во центарот на главната улица, на само 13 метри од плажата.

Погледнете ја нашата целосна понуда во продолжение.

 

ВИЛА ТЕО (Ипсос/Пирги)

Вилата Тео се наоѓа на само 130 метри од плажата, опкружена со зеленило, во мирниот дел на Ипсос, сокриена од градскиот метеж. На неколку метри од вилата, се наоѓа и ресторанот „Бонита“, кој е на истиот сопственик.

Вила Тео располага со 14 двокреветни соби, две четирикреветни соби со вифи интернет. Секоја соба има мини кујна, опремена со основен прибор, мал фрижидер, решо, аспиратор, тоалет, тераса, ТВ и вентилатор. Вилата не е климатизирана.

 

Термини:  Редовна цена Early booking до 01.03
26.05-02.06 79 49
02.06-09.06 99 69
09.06-16.06 109 79
16.06-23.06 119 89
23.06-30.06 129 99
30.06-07.07 149 119
07.07-14.07 159 129
14.07-21.07 179 149
21.07-28.07 199 169
28.07-04.08 209 179
04.08-11.08 209 179
11.08-18.08 209 179
18.08-25.08 199 169
25.08-01.09 179 149
01.09-08.09 129 99
08.09-15.09 119 89
15.09-22.09 109 79
22.09-29.09 89 59

 

НАПОМЕНИ:

Цените се однесуваат на едно лице за 7 ноќевања и автобуски превоз

 
Во цената не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНА доплата за траект на релација Игуменица-Крф-Игуменица од 15 евра кои се плаќаат на денот на тргнувањето во автобус.

 
Во цената на аранжманот не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА воведена туристичка такса од 4 евра по лице за целиот престој. Се плаќа во автобус.
Задолжително патничко осигурување – Може да се купи во агенцијата или од друго место, но мора да се донесе потврда дека постои.
Можност за плаќање: За да направите резервација, потребно е уплата од 30% од сумата, а остатокот треба да биде исплатен во целост на 10 дена пред тргнување. Можност за уплата директно во агенцијата, во готовo, со кредитна картичка, трансакциска сметка или преку формата за онлајн плаќање која се наоѓа на нашиот сајт.
За сингл соба се доплаќа плус 70% од редовната цена поради вториот кревет.
Доколку сакате да споите термин, се плаќа редовата цена за вториот термин, а се одземаат 20 евра за превозот од редовната цена.

 
Тргнувањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата.
Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите.
Цена само за превоз 45 евра со доплата од 15 евра за траект.
За сопствен превоз се одземаат 20 евра од цената на понудата, а патниците сами го организираат патот со траектот до и од Крф.


ПЛАЌАЊЕ ЗА ДЕЦА:

Дете од 0 до 3 години не плаќа и дели кревет со возрасен
Дете од 3 до 12 години на класичен кревет плаќа 70% од цената на аранжманот, плус 15 евра за траект и 4 евра туристичка такса


ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ:

Check in во собите е после 14h по грчко време ВИЛА ТЕО:
Check out е до 09h. Багажот се остава во дел предвиден за куфери, кое го одредува персоналот кој ја чисти вилата
Чистењето на собите е на четвртиот ден од престојот, а гостите се задолжени да се грижат за хигиената и редот во вилата за време на престојот
Ве замолуваме да се придржувате кон пропишаните часови за излегување од вилата на последниот ден. Собите треба да се чистат со цел да може да се смести групата која доаѓа.
Вилата има интернет, но не гарантираме за квалитетот и брзината за истиот
Не постои можност за додавање на трет дополнителен кревет во студијата

Поагање на Дрводекор во вечерните часови ден претходно. Патувањето се одвива преку граничниот премин Меџитлија (Битола). Попатни паузи за освежување и царински формалности. Пристигнување во Игуменица во раните утрински часови.

 

ПЛАЌАЊЕ ЗА ДЕЦА:

Дете од 0 до 3 години не плаќа и дели кревет со возрасен

Дете од 3 до 12 години на класичен кревет плаќа 70% од цената на аранжманот,

плус 15 евра за траект и 4 евра туристичка такса


ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ:

Check in во собите е после 14h по грчко времеCheck out е до 09h. Багажот се остава во дел предвиден за куфери, кое го одредува персоналот кој ја чисти вилатаСекој патник има право на еден голем куфер или торба и рачен багажЧетворокреветните соби се со две посебни спални соби и тераси, одвоена трпезарија со кујна и одвоен тоалет.Чистењето на собите е на четвртиот ден, а гостите се задолжени да се грижат за хигиената и редот во вилата за време на престојотЗа секој гостин следува по еден пешкирВе замолуваме да се придржувате кон пропишаните часови за излегување и влегување од вилата на последниот ден. Собите треба да се чистат за да може да се смести групата која доаѓа.Вилата има интернет, но не гарантираме за квалитетот и брзината за истиотНе постои можност за додавање на трет дополнителен кревет во студијата

 

ПРОГРАМА:

Прв ден

Средба на групата на Дрводекор во вечерните часови. Патувањето се одвива преку граничниот премин Меџитлија (Битола). Попатни паузи за освежување и царински формалности. Пристигнување во Игуменица во раните утрински часови.


Втор ден

Пристигнување во Ипсос и сместување во апартманите. Време за одмор и адаптација. Во попладневните часови организиран инфо состанок со нашиот претставник, во еден од локалните барови, со цел групата да ги дознае сите потребни информации, како и претставување на сите факултативни излети.


Трет до Осми ден

Организирани тури преку нашиот партнер, тур оператор, каде ќе имате можност вистински да го истражите островот и да се запознаете со најзначајните места и убавини. За целото тоа време со вас е нашиот претставник од агенцијата кој ќе ве води низ овие авантури.


Можност да се одберат повеќе факултативи:

Посета на градот Крф – главниот град на островот кој изобилува со архитектура, историја и знаменитости. Спој на модерното со историјата, ќе се чувствувате како да сте во Парис, Дубровник, Венеција поради неверојатниот спој на култура. ЦЕНА НА ИЗЛЕТОТ – 10 евра со водич


Тура север (Палеокастрица и Сидари) – Адреналинска и авантуристичка тура со која се посетуваат најпопуларните места на островот Крф и се обиколува речиси 40% од островот. Целодневна тура со автобус каде се посетува фабрика за производство на ликери и слатки од традиционалното овошје Кум Куат, местото Палеокастрица, со најубавата и најбистрата вода на островот, манастирот на Света Богородица и аквариум со терариум. Местото Бела Виста со најубавиот поглед на дланка на цела Палеокастрица и турата завршува во Сидари познато по тунелот на љубовта. ЦЕНА НА ИЗЛЕТОТ 25 евра со водич.


Посета на плажата Глифада – најпосетената песочна плажа на островот, каде можете да уживате и да се сончате. ЦЕНА НА ИЗЛЕТОТ 12 евра


Крстарење со брод по североисточниот дел на островот со вклучен ручек и пијалоци – Целодневно крстарење со попатни застанувања на диви плажи и малото туристичко место Касиопи. ЦЕНА НА ИЗЛЕТОТ 25 евра.


Вкупна цена на турите: посета на градот Крф, плажата Глифада, турата Север и крстарење со ручек е 72 евра. Со резервација на пакет турите изнесуваат 65 евра по лице.


Крстарење по јонските острови Паксос и Антипаксос – Целодневно крстарење по светски познатите острови по убавината на водата и неворојатно ситниот и бел песок. ЦЕНА НА ИЗЛЕТОТ 30 евра.


Посета на Акваленд– Вториот по големина во Европа, веднаш по оној од Кушадаси каде адреналинот е загарантиран. Одлични скокалници и секакви водни атракции за сите возрасти. ЦЕНА НА ИЗЛЕТОТ СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ И ВЛЕЗНИЦА 27 евра.


Деветти ден

Напуштање на собите во 09ч наутро. Слободно време додека да пристигне автобусот за враќање. Групата се качува на траект и следува ноќно возење до Македонија.