• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

САРАЕВО, МОСТАР, ВИШЕГРАД И МОКРА ГОРА(5)

29.12.2019 

Поаѓање за Сараево во 22 ч. преку граничниот премин Табановце па низ Србија со попатни паузи.


30.12.2019 

 Во утринските часови пристигнување во Сараево и негово разгледување со локален водич: Врело Босне, народниот театар, градското собрание, па се оди пеш по Башчаршија, Којунџилук, Еврејскиот Храм, Величенствената Газихусербегова џамија, Катедралата. Сместување во  хотел. Слободно попладне во Сараево на - Башчаршија. Факултативна вечера во ресторан со музика. Ноќевање.


31.12.2019

Појадок.Факултативен излет до Мостар, со попатна посета на историскиот Мост од битката на Неретва кај Јабланица. Пристигнување во Мостар - град со многу мостови  во  Херцеговина, сместен на реката Неретва. Посета на  Стариот мост – симболот на градот, изграден 1557 - 1566 год., 2004 год. ставен под заштита на УНЕСКО, стариот град, улицата Кујунџилак со занаетчиски дуќани, саат кулата, Караџорџевата џамија. Попладнето враќање во Сараево. Вечерта дочек на новата 2020 год. на плоштад каде на најлудата ноќ илјадниците сарајлии и туристи ќе ги забавува Балканската звезда

Жењко ЈоксимовиќНоќевање.


01.01.2020

Појадок. Поаѓање за Вишеград каде ќе се види Мостот на "Дрини Чуприја" изграден од Мехмед Паша Соколовиќ, како и "Андричев град" на Емир Костурица. Се продолжува за Мокра Гора - каде се најдува Музејот на отворено - Дрвениот град повторно дело на Емир Костурица, како и единствената туристичка - музејска железница “Шарганска Осмица” ремек дело меѓу пругите со тесен колосек. Поаѓање за Македонија, ноќно возење со попатни паузи.


02.01.2020 

 Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.

 

ЦЕНА: 5.900 денари

 

Во цената се пресметани следните услуги:                                  

 - превоз со туристички автобус;

 - сместување во хотел со 3* на база 2 н/п

 - разглед на Сараево со локален водич

 - попатни посети на Мокра Гора, Вишеград

 - организација и придружник на патувањето


Во цената не е пресметано:

 - патничко и здраствено осигурување - без франшиза - 200 ден.

 - факултативен излет до Мостар -10 €;

 - факултативна вечера со музика во ресторан 30.12.2019 - 20 €

 - влезници за културно историските споменици.

Напомена: Рок на пријавување до 20.12.2019 година.