• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

НОВА '20 - автобус

АТИНА (5)

 

Пиреа Пелопонез

 

29.12.19 Поаѓање во 21 ч, преку Гевгелија, ноќно возење со попатни паузи.


30.12.19 Пристигнување во Атина во утринските часови. Панорамско разгледување на градот со водич: плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Евзоните, Олимпискиот Стадион, Храмот на Зевс, Адријановата Порта, Акропол... Сместување во хотел во центарот на Атина. Вечерта факултативна вечера во Таверна на Плака со богато мени и програма на грчки песни и игри. Ноќевање.


31.12.19 Појадок. Факултативен целодневен излет до Пелопонез со локален водич. Посета на Коринтскиот канал, најакустичниот амфитеатар од Античка Грција - Епидаурус, Микена - Античкиот град на Кралот Агамемнон и гробницата на Агамемнон. Враќање во Атина. Вечерта Дочек на новата 2020 г. на плоштад или во Таверна на Плака со богато мени и програма на грчки песни и игри. Ноќевање.


01.01.20 Појадок. Полудневен излет со посета на најголемото пристаниште на Балканот - Пиреја со нејзините марини, со најмодерни јахти од целиот свет, па се оди до Глифада - најпознато излетничко место на Атињани, со убави плажи и вили. Потоа преку Атина патувањето продолжува за Македонија, ноќно возење со попатни паузи.


02.01.20 Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.

 

ЦЕНА: 6400 денари

 

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

- автобуски превоз на наведената релација

- сместување на база 2 НП во хотел со 3* во Атина

- разглед на Атина со локален водич

- излет до Пиреа, Глифада

- организација на аранжманот и лиценциран придружник на групата


ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

- задолжително патничко осигурување - без франшиза (200 ден.)

- факултативен целодневен излет до Пелопонез со водич - 20 €

- вечера во Таверна со програма 30 € (на 30.12.2019), 40 € на 31.12.2019

- влезници за локалитетите.