VILA TOMAS sopstven prevoz (9)

 

Лептокарија - многу познато туристичко место, југозападно од Солун на 80км и јужно од Катерина на 25 км. Располага со широки и добро средени песочни и шљункасти плажи, шеталиште со бројни барови, таверни, маркети и ноќни клубови. Веднаш под планината Олимп, од античкиот град Дион на само 5км, со добра инфраструктура, пријатна клима и топло море.

 

Вила Томас

Вилата се наоѓа на околу 300 метри од центарот на градот а само 50 метри од плажата во Лептокарија. Поседува двокреветни и трокреветни студија, француски кревет или француски плус единечен кревет, кујнски дел, тераса, ТВ, купатило и клима(се доплаќа). Постелнина се менува на половина смена. За време на престојот, гостите сами ја одржуваат хигиената.

 

ЦЕНИТЕ СЕ ДАДЕНИ ВО ТАБЕЛАТА ЗА НАЕМ НА СТУДИО/АПАРТМАН, БЕЗ ПРЕВОЗ

 

ДОПЛАТИ:

  • Вила TOMAS - климата се доплаќа 5 евра по студио/апартман;

НАПОМЕНА: Во студијата и апартманите се влегува првиот ден по 14.00 часот а се напуштаат последниот ден до 10.00 часот а постелнина се менува на половина смена. Додатните односно помошните кревети во Грција се секогаш на расклопување и со помала димензија од стандардните.

  • Цените се дадени во евра а плаќањето е во денарска противвредност на еврото по курс 61.8 денари.