VILLA PARTHENON (1)

 

Објектот Villa Parthenon е лоциран на десната страна од Неос Мармарас, на оддалеченост од околу 500 метри од познатата песочна плажа Парадисос, како и околу 200 метри од локалната каменеста плажа со крупен песок. Вилата се карактеризира со својата специфична скалеста градба, со која од една страна на улицата излегува со своето приземје, а на другата срана нејзиниот прв кат се наоѓа опкружен со прекрасно уреден двор. Располага со повеќе двокреветни, трокреветни и четворокреветни студија, сите опремени со потребен мебел, клима уред, ТВ, тоалет, мини кујна и балкони ориентирани кон градот и морето. Близината на останатите содржини, како и малите градски плажи, соодветно ја дополнуваат кон останатите капацитети за одмор во Неос Мармарас.

 

СИТОНИЈА наем ЈУНИ ЈУЛИ АВГУСТ СЕПТЕМВРИ
студио/апартмани термин 11 18 25 2 9 16 23 30 6 13 20 27 3 10
(7 ноќевања) ноќевања 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7
PARTHENON "B" (tv, ac*) STD 1/2 (2 лица) 196 216 237 261 287 315 338 338 338 338 307 267 223 178
Неос Мармарас STD 1/2+1 (3 лица) 205 225 248 272 300 329 353 353 353 353 321 279 232 186
  STD 1/3+1 (4 лица) 213 235 258 284 312 343 368 368 368 368 334 291 242 194

 

- Цените се однесуваат на наем на студио или апартман за 7 ноќевања (без превоз).
- Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1 EUR = 62 MKD).


ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
- Во студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидeниот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години, во кревет со родител (по одобрение на домаќинот).
- Употребата на клима уред се доплаќа (каде што е достапен).
- За уплата на две смени (7+7 ноќевања) одобруваме од 10% на втората смена.
- Доплата во ресторан: за полупансион (појадок и вечера) 9€-12€ , за оброк (ручек или вечера) 5€-9€  (информации во агенцијата).
- Препорачуваме патничко осигурување

 

 

ПРОГРАМА НА АРАНЖМАНОТ:

 

01.ден (недела)    СКОПЈЕ - КИЧЕВО - ХАЛКИДИКИ (Ситонија)
Состанок на групата на паркингот спроти хотел “Holiday Inn” во 05:30 часот. Поаѓање за Грција во 06:00 часот наутро. Патот води преку граничниот премин Богородица-Евзони. По пристигнување во местото, сместување во објект по избор од програмата. Слободно попладне за одмор. Ноќевање.

од 02.ден (понеделник) до 07.ден (сабота)    ХАЛКИДИКИ (Ситонија)
Денови за одмор и идивидуални активности. Престој во место и објект по избор од програмата, во студија и апартмани на база ноќевање. Комуникација со локалните претставници на агенцијата за евентуални факултативни излети и посети. Ноќевање.

08.ден (недела)      ХАЛКИДИКИ (Ситонија) - СКОПЈЕ
Напуштање на собите до 09:00 часот. Во попладневните часови, заминување од местото на престој и патување кон Македонија. Пристигнување во Скопје, во вечерните часови.