VILA THEODORA (17)

 

Vila Theodora е комплекс составен од пет вили чиј фронтален дел излегува на море, а сместувачките капацитети се оддалечени од плажата и од главниот дел на шеталиштето само неколку чекори. Вилата е лоцирана во централниот дел на Полихроно. И покрај својата местоположба ја препорачуваме на семејства со деца, бидејќи структурата ја штити од галама. Супермаркетот е оддалечен околу минута пешачење, додека во непосредна близина на овој објект има многубројни ресторани. Во нашата понуда имаме двокреветни, трокреветни, четирикреветни и петкреветни дуплекс апартмани. Секој дуплекс апартман е составен од две спални соби каде во едната има француски кревет, а во другата два одвоени лежаја и простран дневен престој каде е сместена комплетно опремена кујна (фрижидер, мини електричен шпорет, садови) и еден лежај (кај петкреветните апартмани). Секој апартман има купатило, пространа тераса со поглед на море, TV и клима вклучена во цената. Постелнината и крпите се менуваат на 5 дена.

 

 

Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио или апартман за 10 ноќевања без вклучен превоз  Во студијата и апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети    Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време При сместувањето влегувате во чисти соби , но за време на престојот сами се грижите за одржувањето на хигиената.По завршувањето на вашето летување, должни сте да го оставите студиото или апартманотво пристојна (чиста) состојба. Во случај на причинета штета за време на престојот, корисникот на апратманот ја надоместува штетата на сопственикот на вилата на лице место. Организаторот на патувањето го зарджува правото по пат на LAST MINUTE понуда да ги објави и продаде останатите слободни капацитетеи во одредена вила по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои предходно го уплатиле својот аранжман немаат право на надомест на средства но има разлика во цена. Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!

Климата е вклучена во цената ! 

 

Легенда:

1/4 дуплекс – четворокреветен апартман со две одвоени спални и одвоена кујна

1/5 дуплекс - петокреветен апартман со две одвоени спални и одвоена кујна

1/4 П дуплекс - четворокреветен апартман со две одвоени спални и одвоена кујна на приземје

1/5 П дуплекс -  петокреветен апартман со две одвоени спални и одвоена кујна на приземје